„Размислуваме за неправдите само ако ни се случат нам“ – Цитати од Чарлс Буковски

Иронијата, лудоста и цинизмот на Чарлс Буковски се генијални. Во неговите цитати може да се пронајде секој, па можеби токму заради тоа е еден од најчитаните книжевни автори на сите времиња.

razmisluvame-za-nepravdite-samo-ako-ni-se-sluchat-nam-citati-od-charls-bukovski-01.jpg

Неговите книжевни дела се однесуваат на животот на обичниот човек, а пишувал за она што го интересирало: животот како писател, врските со жените и животот на работничката класа.

Неговите романи се омилени кај читателската публика, а во неговите цитати може да се пронајдат голем број луѓе.

Во продолжение издвојуваме некои од неговите најинтересни цитати:

„Не инсистирајте да ја разбистрите главата – разбистерете го срцето.“

„Ако можете да сакате, сакајте се прво себеси.“

„Мислам дека единствен пат кога луѓето размислуваат за неправдите е ако им се случуваат ним.“

„Понекогаш се будите наутро и си мислите, ‘денес нема да успеам да завршам ништо’, но се смеете во себеси додека размислувате колку пати сте се чувствувале така.“

„Ако сакате да дознаете кои ви се пријатели, направете нешто за да одите во затвор.“

„Работното време од 9 до 5 е најголемата суровост врз човештвото. Си го трошиш животот за дејност што воопшто не те интересира.“

„Ако чувствувате дека станувате бездушни, тогаш сигурно ви останала уште малку душа што можете да ја загубите.“

„Светот можете да го спасите, само ако спасувате по еден човек, сѐ друго е само романтизам или политика.“

„Тој ме праша: ‘Што е она што го прави човекот писател?’ Јас му реков: Или ќе го напишеш на хартија или ќе скокнеш од мост.“

„Мојата пијана душа е потажна од сите овенати божиќни дрва на светот.“

„Јас сум само алкохоличар кој одлучи да стане писател за да може да спие до пладне.“

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg