11 индиски поговорки поради кои ќе го смените погледот на животот (на подобро)

„За да сакаме некого совршено, треба да го сакаме како да знаеме дека утре ќе умре“ е само една од прекрасните индиски поговорки, кои кријат голема мудрост.

11-indiski-pogovorki-poradi-koi-kje-go-smenite-pogledot-na-zhivotot-na-podobro-01.jpg

Уште од најрани времиња индиските мудреци го делеле своето знаење со светот. Нивните искуства, тешкиот живот и премрежјата низ кои минувале, ги натерале да го споделат сето она што го знаат за животот на следните генерации да им биде поубав.

Прочитајте ги овие 11 индиски поговорки кои делуваат едноставно, но ќе ве натераат на размислување и да го смените својот живот на подобро:

1. Детето си игра со животот кога е мало, а потоа животот си игра со човекот кога ќе порасне.

2. Четири работи не можат да се вратат: изговорениот збор, истреланата стрела, минатиот живот и пропуштената шанса.

3. Раката што дава секогаш е над раката што прима.

4. Бракот е како тврдина - кој е надвор сака да биде внатре, кој е внатре сака да излезе.

5. Насмевката е убав збор без букви.

6. За да сакаме некого совршено, треба да го сакаме како да знаеме дека утре ќе умре.

11-indiski-pogovorki-poradi-koi-na-podobro-kje-go-smenite-pogledot-na-zhivotot-02.jpg

7. Подобро е да му простиш на пријателот отколку да го изгубиш.

8. Ти си господар на зборот што не си го кажал и роб на зборот што си го кажал.

9. Сè што се случува еднаш никогаш не смее да се повтори. Но, сè што се случува двапати, сигурно ќе се случи и трет пат.

10. Заљубеното срце не гледа на убавината.

11. Најлошото нешто што може да му се случи на мажот е да е без работа и да не сака никого.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
Мајка му и сестра му загинаа во сообраќајка, вонбрачно дете со стриптизета - Кој е синот на Џо Бајде... Животот на синот на Џо Бајден, Хантер, е исполнет со скандали, но и трагедии – м...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg