Виц: Не гази на патка!

vic-ne-gazi-na-patka-povekjeТри жени загинале во сообраќајна несреќа и се нашле пред вратите на рајот. Ги дочекал Свети Петар и им рекол: - Добре дојдовте мои дами. Овде во рајот...

 

...имаме само едно правило – никогаш немојте да згазнете патка!

И ги вовел жените во рајот. Насекаде имало многу патки, практично било невозможно да се движиш, а да не нагазиш некоја од нив.

Трите жени се движеле многу претпазливо, но едната нагазила една од патките. Истиот момент стигнува Свети Петар со многу грд маж и го врзува за жената.

- Затоа што згазна на патка, твојата казна е да бидеш врзана за овој грд човек цела вечност.

Другите две жени откако го виделе ова биле уште попретпазливи, но наскоро една од нив згазила и убила една патка.

Повторно доаѓа Свети Петар со уште погрд маж и ги врзува еден за друг. И вели:

- Затоа што згазна на патка, твојата казна е да бидеш врзана за овој грд човек цела вечност!

Третата жена не сакала да го доживее она што го доживеале другите две.

Таа успеала месец дена да не згазне на ниту една патка, кога одеднаш стигнал Свети Петар со еден згоден убав маж и ги врзува еден за друг. Висок, мускулест, со бронзен тен... совршен.

Жената го прашува човекот:

- Се прашувам што направив за да бидам со вас врзана цела вечност!?

Човекот одговорил:
- Не знам за вас, ама јас згазнав на една патка!

Би можело да ве интересира:

Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...
Забавна фото-компилација: Луѓе кои сигурно имале полош дочек на Нова година од вас Некои скршиле рака ил нога, некои претерале со алкохол, а некои не нашле друштво...
20 кратки шеги за бракот во кои ќе се пронајдат голем број парови Колку шеги за бракот знаете и ги кажувате кога сакате да се насмеете на сопствен...
Смешни фотки од родители кои докажуваат животот со деца не е воопшто лесен Коса заплеткана во играчка, плачење за најчудните работи и правење хаос низ домо...
3 вицеви што слатко ќе ве насмеат Марика, откако го изневерила Перо, му објаснила: „Беше мрак, јас легнав да спија...
Медицински сестри откриваат смешни работи што слушнале од пациенти Медицинските сестри имаат видено и слушнато речиси сè.  „Еден ортопедски...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg