Мајка ѝ ја лажела дека има леукемија, ја терала да користи инвалидска количка: Морничавата приказна за Џипси Роуз

Од раѓање, па сè додека да наполни 19 години, Џипси Роуз била контролирана од мајка ѝ која ја терала да користи инвалидска количка, па дури и ѝ ја избричила главата за дa изгледа како да има леукемија. На девојчето му биле направени бројни непотребни операции и пиелo куп лекови кои воопшто не му требале. Сакајќи да избега од пеколот, Џипси најмила маж за да ја убие мајка ѝ… Предупредување - приказната е вознемирувачка.

ja-lazhela-deka-ima-leukemija-ja-terala-da-koristi-invalidska-kolichka-mornichavata-prikazna-za-devojka-koja-ja-ubila-majka-si01.jpg

Сите сме убедени дека родителите им го посакуваат најдоброто на своите деца. Но, некогаш „грижата“ на родителите и желбата да ги заштитат децата ја преминува секоја граница. Поради ова, детето страда, па можеби дури да посака да се ослободи од родителот на свиреп начин.

Токму ова се случило со Диди Бланшард и нејзината ќерка Џипси.

Во 2015 година, Диди била пронајдена мртва во нејзината спална соба во Спрингфилд, САД. Таа имала неколку убодни рани, а нејзиното тело било најдено неколку дена по убиството.

Диди имала ќерка – Џипси Роуз – која наводно имала леукемија, астма, мускулна дистрофија и оштетување на мозокот. Но, од Џипси немало ни трага, ни глас.

ja-lazhela-deka-ima-leukemija-ja-terala-da-koristi-invalidska-kolichka-mornichavata-prikazna-za-devojka-koja-ja-ubila-majka-si-06.jpg

Во куќата била инвалидската количка на Џипси, заедно со сите лекови што ѝ биле потребни, па полицијата помислила дека можеби е киднапирана од убиецот.

Сепак, подоцна се дознало дека Џипси е одговорна за смртта на мајка си.

ja-lazhela-deka-ima-leukemija-ja-terala-da-koristi-invalidska-kolichka-mornichavata-prikazna-za-devojka-koja-ja-ubila-majka-si-11.jpg

Па, што точно се случило и зошто Џипси ја убила нејзината мајка?

Додека Џипси била бебе, мајка ѝ тврдела дека има апнеа (прекинување на дишењето за време на спиење). Со текот на времето, мајка ѝ Диди додавала нови проблеми со здравјето – од леукемија и мускулна дистрофија, до астма и проблеми со слухот и видот.

Поради сето ова, Диди морала да користи инвалидска количка, а истовремено ѝ биле направени и неколку операции. Со една операција ѝ биле отстранети и плунковните жлезди.

Џипси пиела и цел куп лекови за болестите за кои мајка ѝ тврдела дека ги има.

Девојчето немало ни коса, а бидејќи Диди изгледала како многу грижлива мајка, никој не се сомневал дека ќерка ѝ има проблеми со здравјето, како леукемија.

ja-lazhela-deka-ima-leukemija-ja-terala-da-koristi-invalidska-kolichka-mornichavata-prikazna-za-devojka-koja-ja-ubila-majka-si-07.jpg

Но, Џипси немала ни мускулна дистрофија, уште помалку леукемија. Всушност, Диди ѝ ја бричела главата за да изгледа како да има рак и ја терала да користи инвалидска количка.

Неретко, и лекарите што ја прегледувале Џипси истакнувале дека таа нема никаков проблем. Но, штом некој лекар ќе почнел да се сомнева во зборовите на Диди, таа престанувала да ја носи ќерка си кај него.

Зборовите на Диди за здравјето на ќерката звучеле уверливо (дури и за некои лекари) бидејќи таа имала тренинг за медицинска сестра. Па, многу добро знаела како да ги опишува симптомите од разни болести.

ja-lazhela-deka-ima-leukemija-ja-terala-da-koristi-invalidska-kolichka-mornichavata-prikazna-za-devojka-koja-ja-ubila-majka-si-14.jpg

Диди и Џипси живееле сами, но некои членови од нивното семејство почнале да забележуваат дека нешто не е во ред со приказните за проблемите со здравјето. На многумина, Џипси им изгледала како здраво девојче и почнале да се распрашуваат.

Па, за да ги избегне прашањата, во 2005-та Диди одлучила дека е време да се преселат од Луизијана во Мисури.

Со цел да продолжи со своите лаги за здравјето на ќерка си, Диди тврдела дека биле жртви на ураганот Катарина, во кој било изгубено целото медицинско досие.

ja-lazhela-deka-ima-leukemija-ja-terala-da-koristi-invalidska-kolichka-mornichavata-prikazna-za-devojka-koja-ja-ubila-majka-si-10.jpg

И во новиот дом, Диди продолжила да им кажува на сите дека ќерка ѝ е болна. Девојчето се движело со количка и повторно пиело цел куп лекови.

Но, кога Џипси наполнила 14 години, невролог што ја прегледувала почнал да се сомнева во целата ситуација. Тој заклучил дека Џипси е жртва на Munchausen syndrome by proxy.

Овој синдром е ментална болест и вид детско малтретирање. Личноста којашто се грижи за детето (во овој случај Диди), ги лажира симптомите на разни болести со цел да изгледа како нејзиното дете да е болно.

Бидејќи детето е зависно (и исплашено) од личноста која се грижи за него, не може да направи ништо.

ja-lazhela-deka-ima-leukemija-ja-terala-da-koristi-invalidska-kolichka-mornichavata-prikazna-za-devojka-koja-ja-ubila-majka-si-12.jpg

За жал, тогаш неврологот не ги споделил своите сомнежи со никого, а подоцна во интервју изјави дека немал доволно докази за да ги контактира властите.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Морничави нерешени мистерии од реалноста кои ќе ве држат будни навечер Во 2019-та, Американката Ели Грин дознала дека мајка ѝ починала во психијатриска...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg