8 важни животни лекции кои (за жал) ги учиме предоцна

Понекогаш луѓето што ви биле најважни во животот преку ноќ може да ви станат странци. За среќа, потполни странци може да ви станат важни и без да го очекувате тоа.

8-vazhni-lekcii-koi-za-zhal-gi-uchime-predocna-vo-zhivotot-01.jpg

Ако премногу размислувате за работите што се случиле вчера, значи дека не се фокусирате доволно на она што ќе можете да го постигнете утре. Не дозволувајте да ви влијаат работите што не можете да ги контролирате.

Ова се 8 важни лекции кои повеќето од нас (за жал) ги учат предоцна во животот:

Луѓето што ни се важни доаѓаат и си одат, и тоа е во ред

Понекогаш луѓето што ви биле најважни во животот преку ноќ може да ви станат странци. За среќа, потполни странци може да ви станат важни и без да го очекувате тоа.

Ова може да ве боли, но ако прифатите дека сите нема да бидат покрај вас вечно, многу полесно ќе најдете нови луѓе со кои ќе го делите секојдневието.

Вашата „исхрана“ не е само тоа што го јадете

Како што растете сфаќате дека „исхраната“ не е само тоа што го јадете, туку и тоа што го гледате, тоа што го читате, луѓето што ги следите на социјалните мрежи и луѓето со кои го поминувате времето.

Затоа, ако вашата цел е да имате поздрав ум, почнете да го исфрлате целиот смет од вашиот живот, не само од исхраната.

8-vazhni-lekcii-koi-za-zhal-gi-uchime-predocna-vo-zhivotot-002.jpg

Понекогаш мора да ги разочарате луѓето за да бидете среќни

Вашето психичко здравје треба да ви е поважно од кариерата, од тоа да заработите повеќе пари, од мислењето на другите луѓе, од желбите на вашето семејство или од расположението на вашиот партнер.

Не плашете се дека ќе разочарате некого ако тоа значи дека се грижите за себе и своето здравје.

Љубовта кон себе треба секогаш да е поголема од желбата да ве сакаат другите.

Не се отфрлајте себеси кога некој ќе ве одбие

Луѓето што некогаш биле одбиени за нешто се плашат од нови одбивања. Овие луѓе, поради стравот дека ќе бидат повторно отфрлени, најчесто бегаат или ги туркаат другите од себе.

Во својата потсвест, тие веруваат дека на овој начин избегнале ново одбивање.

Во реалноста, тие се повторно отфрлени, но овојпат тоа си го направиле самите на себе.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
Волкот и трите прасиња, Црвенкапа: Пет популарни бајки и поуката што ја научивме од нив Иако можеби како возрасни не им придаваме големо значење, бајките се одличен нач...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg