10 женски и 10 машки предлог имиња за дечиња родени во лето

Летото е веројатно еден од најубавите периоди за нови почетоци. Топлото време, долгите прошетки и уживањето во природа е идеално за новите родители. 

10-zenski-i-10-maski-predlog-iminja-za-decinja-rodeni-vo-leto-01.jpg

Доколку со нетрпение ја очекувате вашата најважна улога во животот- родител, а сè уште немате смислено име за вашето бебенце, ова се 20 предлози кои можеби ќе ви го олеснат изборот.

10 летни имиња за девојчиња:

1. Марина

Означува море или пристаниште каде што се закотвуваат бродовите.

2. Јулија

Од грчки ioulianos со значење блескав/а. Може да значи и млада, енергична, полна со радост и среќа. Честопати се дава на девојчиња родени во јули.

3. Валерија

Од valens што означува силна, здрава. Валерија значи и бран.

4. Леа, Леона

Означува храброст, сила. Во месец август владее хороскопскиот знак Лав.

5. Далија

Преубав цвет кој асоцира на одмор, среќа, природа, мир. Велат дека секоја личност која го носи ова име е прекрасна како самиот цвет.

10-zenski-i-10-maski-predlog-iminja-za-decinja-rodeni-vo-leto-04.jpg

6. Оливија

Име со латинско потекло кое значи маслинка.

7. Луна

Означува месечина, а во римската митологија е божица на Месечината.

8. Клара

Носи потекло од латинскиот јазик, означува јасна.

9. Луција

Означува светлина, и најчесто го даваат на девојчиња родени рано наутро пред изгрејсонце.

10. Сиена

Означува силна портокалова боја (како на зајдисонце). По тосканскиот град Сиена.

10 имиња за момчиња родени во лето на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Елена, Давид и уште 4 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во септември Ако треба да станете родители во септември, а сè уште не знаете кое име да му го...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Волкот и трите прасиња, Црвенкапа: Пет популарни бајки и поуката што ја научивме од нив Иако можеби како возрасни не им придаваме големо значење, бајките се одличен нач...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg