Го удирала брат ѝ, сакала да ги убие родителите: Тажната приказна на Бет Томас која била малтретирана како бебе

Кога Бет била посвоена од ново семејство, почнала да се однесува вознемирувачки – го удирала брат ѝ, убивала мали животни и крадела ножеви од кујната. Новите родители се консултирале со професионалец и сфатиле дека однесувањето на Бет е последица на страшното малтретирање што го трпела од биолошкиот татко… За среќа, таа денес е добро.

go-udirala-brat-sakala-da-gi-ubie-roditelite-tazhnata-prikazna-na-bet-tomas-koja-bila-maltretirana-kako-bebe-01.jpg

Случајот на Бет Томас од САД иако има среќен крај, многу добро покажува какво влијание има малтретирањето и запоставувањето врз развојот на децата.

Поради траумите што ги трпела во првите години од животот, Бет почнала да се однесува како психопат. За среќа, со помош на професионалци, Бет ги надминала траумите и денес е медицинска сестра, а има напишано и книга за нејзиното искуство.

Која е Бет Томас и што точно ѝ се случило?

Случајот на Бет Томас се прославил во 1990-тите, благодарение на документарец на НВО насловен Child of Rage.

Вознемирувачкиот документарец за тогаш 6-годишната Бет го открива лошото влијание на траумата што ја преживеала во првите година-две од животот.

go-udirala-brat-sakala-da-gi-ubie-roditelite-tazhnata-prikazna-na-bet-tomas-koja-bila-maltretirana-kako-bebe-06.jpg

Кога Бет имала една година, мајка ѝ починала, па таа и брат ѝ останале сами со татко им.

Но, татко им бил далеку од добар родител – не само што ги запоставувал и ги оставал без храна со часови, туку ги удирал, а постојат докази и за сексуално малтретирање.

Кога Бет наполнила 19 месеци, со брат ѝ биле посвоени од друго семејство.

Но, новите родители набрзо забележале дека Бет се однесува чудно – го удирала брат ѝ, ги повредувала милениците во домот, а неретко убивала и мали птици.

go-udirala-brat-sakala-da-gi-ubie-roditelite-tazhnata-prikazna-na-bet-tomas-koja-bila-maltretirana-kako-bebe-09.jpg

Во подоцнежни интервјуа со професионалци, Бет изјавила дека крадела и ножеви од кујнската фиока и сакала да си го убие семејството.

Новите родители, стравувајќи за својата и безбедноста на брат ѝ, навечер ја заклучувале во нејзината детска соба и побарале помош од професионалци.

Во разговорите со професионалците, Бет не покажувала никаква емоција или емпатија. Кога тие сфатиле што ѝ се случувало додека била бебе, ѝ дијагностицирале reactive attachment disorder – нарушување кое се јавува поради емоционална запоставеност или малтретирање од многу рана возраст.

go-udirala-brat-sakala-da-gi-ubie-roditelite-tazhnata-prikazna-na-bet-tomas-koja-bila-maltretirana-kako-bebe-04.jpg

Според Practical Psychology, првите две години од животот на детето се клучни за развивањето на свеста, но и за поврзувањето со родителите, а со тоа и развојот на емпатијата.

Бет и нејзиниот брат не го добиле потребното внимание и биле малтретирани, па кај нив се развило нарушувањето.

Нарушувањето е мошне сериозно и се јавува во екстремни случаи, односно кај деца чии потреби за храна се занемарени, деца чија хигиена е запоставена, деца кои не добиваат внимание од родителите и деца кои се оставани сами по неколку часа дневно или се малтретирани.

Симптомите на ова нарушување се избегнување допир, тантруми, непослушност и манипулативно однесување.

go-udirala-brat-sakala-da-gi-ubie-roditelite-tazhnata-prikazna-na-bet-tomas-koja-bila-maltretirana-kako-bebe-07.jpg

Случајот на Бет бил еден од посериозните, па кај неа се јавила и желба да го повредува брат ѝ, но и други луѓе и животни.

Во документарецот на HBO се откриени третманите што ги добивала Бет.

Со неа работел д-р Кен Магид, клинички психолог кој специјализирал за работа со деца кои трпеле сериозна траума во првите години од животот.

Кога станало опасно Бет да остане во домот на семејството, извесен период поминала под грижата на Конел Воткинс.

go-udirala-brat-sakala-da-gi-ubie-roditelite-tazhnata-prikazna-na-bet-tomas-koja-bila-maltretirana-kako-bebe08.jpg

Воткинс бил контроверзен терапевт кој помогнал во случајот на Бет, но бил обвинет за убиство од небрежност на 10-годишно дете со кое работел. Всушност, подоцна се открило дека Воткинс воопшто не бил лиценциран терапевт.

Бет отседнувала во домот на Воткинс, а неговата цел била таа да стекне доверба во него.

На почетокот, Бет за сè морала да побара дозвола – да јаде, да оди во тоалет и слично. Со текот на времето, добивала повеќе привилегии, односно можела да прави работи без да побара дозвола.

Благодарени на овој пристап, Бет почнала да се чувствува сакано и прифатено, но и да му верува на терапевтот.

go-udirala-brat-sakala-da-gi-ubie-roditelite-tazhnata-prikazna-na-bet-tomas-koja-bila-maltretirana-kako-bebe-03.jpg

Сепак, важно е да се нагласи дека за многумина, вклучувајќи и експерти, третманот на Воткинс е премногу суров и не го одобруваат.

Состојбата на Бет драстично се подобрила и таа почнала да оди на училиште. Потоа завршила обука за медицинска сестра – професија што ја има до денес.

go-udirala-brat-sakala-da-gi-ubie-roditelite-tazhnata-prikazna-na-bet-tomas-koja-bila-maltretirana-kako-bebe-05.jpgБет со мајка ѝ што ја посвоила

Иако случајот на Бет има среќен крај, многу деца ширум светот кои трпеле слични трауми во првите години од животот не го добиваат потребниот третман.

Поради ова, Бет и жената што ја посвоила имаат направено и организација преку која им помагаат на децата со нарушувањето што го имала и Бет.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg