4 најголеми придобивки од возењето велосипед

4-najgolemi-pridobivki-od-vozenjeto-velosiped-01.jpg

Возењето велосипед не е само забавна активност, туку е корисна и за физичкото и за ментално здравје. Освен тоа, велосипедот е најекономичното и најеколошкото превозно средство.  

Во продолжение се најистакнатите придобивки од секојдневното возење велосипед:

Го намалува стресот

Возење велосипед нуди бројни здравствени придобивки за сите генерации - го намалува стресот, ја подобрува кондицијата, го забрзува метаболизмот, го зајакнува тонусот на мускулите, а позитивно влијае и на работата на срцето и белите дробови. Оваа активност го намалува ризикот од истегнување и повреди на зглобовите, што го прави достапен за сите, без разлика на физичката подготвеност. Покрај тоа, секојдневното возење велосипедот е одлично за металното здравје.

Заштедува време и пари

Кога возењето велосипед ќе стане дел од вашата рутина, не само што заштедувате пари, туку го избегнувате сообраќајниот метеж, со што побрзо пристигнувате до посакуваната дестинација. Велосипедот ја намалува потребата од користење на јавен превоз, долго барање паркинг за сопственото возило и трошоци за гориво.

Го подобрува расположението

Секојдневното вртење педали е одличен начин за подобрување на психофизичка благосостојба. Тоа го стимулира ослободувањето на адреналин и ендорфин, хормоните за „добро чувство“ кои го подобруваат расположението.  Возењето велосипед дава чувство на слобода, истражување и авантура, па затоа велосипедистите често доживуваат медитативна состојба и спокојство. Без разлика дали ќе одберете да возите велосипед сами или во друштво, велосипедот дополнително придонесува за позитивно расположение и поттикнува чувство на заедништво и припадност.

4-najgolemi-pridobivki-od-vozenjeto-velosiped-02.jpg

Придонесува за чиста животна средина

Покрај индивидуалните придобивки, возењето велосипед игра витална улога во создавањето почисти и поодржливи урбани средини. Со изборот на велосипед наместо автомобил или мотоцикл, значително ги намалуваме емисиите на стакленички гасови, загадувањето на воздухот и нивото на бучава.

Велосипедизмот станува сè попопуларен затоа што луѓето сакаат да бидат здрави и да придонесуваат за зачувување на планетата. Започнете да возите велосипед и уживајте во придобивките од оваа активност.

Се прашувате како да ја започнете вашата велосипедска авантура?

Придружете се на наградната игра „#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard”,станете еден од 20те среќните добитници на градски велосипед и возите кон позелена иднина.

*Наградната игра трае до 30 септември и во неа можат да учествува секое полнолетно физичко лице кое ќе отвори сметка во ПроКредит банка и ќе изврши најмалку 5 картични трансакции со било која вредност со дебитната Mastercard картичка, во текот на времетраењето на наградната игра. Аплицирањето за отворање нова платежна сметка во ПроКредит е целосно онлајн.

Би можело да ве интересира:

9 забавни илустрации кои покажуваат дека со стареењето гледаме поинаку на работите Конечно знаеме како да ги распределиме финансиите, избираме практични подароци, ...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Работи кои не треба да ги правите во кревет пред спиење (го нарушуваат сонот) Пиете вода, гледате филм, работите … Кои се грешките што (веројатно) ги правите ...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg