Не јадел ништо 382 дена, пиел само течности и витамини и ослабел 125 kg – чудниот случај на маж од Шкотска

Во 1960-тите, Ангус од Шкотска имал 206 килограми. Сакајќи да се ослободи од нив, отишол во болница за да гладува под медицински надзор и останал таму цели 382 дена. Во овој период не ставил никаква храна во устата и успеал да ослаби 125kg.

ne-jadel-nishto-382-dena-piel-samo-technosti-i-vitamini-i-oslabel-125-kg-chudniot-sluchaj-na-mazh-od-shkotska-01.jpg

Поради бројните обврски, а со тоа и немањето многу време за готвење и вежбање, сè повеќе луѓе мака мачат со вишок килограми.

Истовремено, постојат и луѓе кои се со многу прекумерна тежина, без разлика дали поради зависност од храна, нездрав однос со храната или некој друг психички или физички проблем.

Ангус Барбиери од Шкотска имал прекумерна тежина поради зависност од храна. Во јуни 1965-та, на 27-годишна возраст, тој тежел 206 килограми.

ne-jadel-nishto-382-dena-piel-samo-technosti-i-vitamini-i-oslabel-125-kg-chudniot-sluchaj-na-mazh-od-shkotska-05.jpg

Бидејќи му било јасно дека си го загрозува животот, Ангус презел драстични мерки за да го реши проблемот со зависноста од храна и да се ослободи од вишокот килограми.

Да нагласиме – неговиот метод за слабеење не е воопшто препорачлив и бил изведен под надзор на медицински лица.

Што значи, иако Ангус ги постигнал посакуваните резултати, воопшто не е препорачливо некој сам да го проба овој метод бидејќи може да си го загрози здравјето, па дури и да го изгуби животот.

ne-jadel-nishto-382-dena-piel-samo-technosti-i-vitamini-i-oslabel-125-kg-chudniot-sluchaj-na-mazh-od-shkotska-07.jpg

Па, како ослабел Ангус?

Малку е познато за животот на Шкотланѓанецот пред да го привлече вниманието на јавноста со неговото слабеење.

Тој бил роден во Шкотска во 1939 година, а во младоста работел во локален ресторан што го водел татко му.

До 27-годишна возраст, неговите проблеми со тежината почнале да се влошуваат бидејќи достигнал 206 килограми.

Па, во јуни 1965-та, тој самиот се пријавил во болница во Шкотска. Планирал да престојува таму извесен период и да се изгладнува, додека не се ослободи од вишокот килограми.

ne-jadel-nishto-382-dena-piel-samo-technosti-i-vitamini-i-oslabel-125-kg-chudniot-sluchaj-na-mazh-od-shkotska-03.jpg

Но, наместо извесен период, Ангус поминал 382 дена во болницата каде што не внесувал никаква храна, туку само течности.

Ангус примал електролити и витамини преку течности, како и аминокиселини кои се клучни за организмот. Истовремено, имал дозвола да пие кафе (без шеќер или млеко) чај и кисела вода.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Волкот и трите прасиња, Црвенкапа: Пет популарни бајки и поуката што ја научивме од нив Иако можеби како возрасни не им придаваме големо значење, бајките се одличен нач...
Морничаво: Лекари и медицински сестри кои свирепо ги убивале нивните пациенти Ричард Анџело можеби немал да ги убива своите пациенти, но намерно им предизвику...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg