Најстрашните киднапирања некогаш - Ја држел затворена во ковчег 7 години, а таа го обожавала

Киднапирана девојка била чувана во ковчег по 23 часа дневно, друга во подрум врзана со синџири, биле силувани и малтретирани, но сепак своите киднапери ги штителе пред полицијата и дури им носеле храна и подароци во затвор.

najstrasnite-kidnapiranja-nekogash-ja-drzel-zatvorena-vo-kovcheg-7-godini-a-taa-go-obozavala-01.jpg

Психијатрите го користат терминот Стокхолмски синдром за опишување на психолошки карактеристики кои првпат биле забележани за време на случај со заложници од 1973-та година во Стокхолм.

Луѓето го препознаваат поимот Стокхолмски синдром по многуте познати случаи на киднапирања и заложнички драми во кои обично се вклучени жени.

Личноста со овој синдром може да почне да се идентификува со или да формира блиска поврзаност со луѓето кои ја киднапирале. Киднапираниот може да сочувствува со киднаперите, па дури и да стане емоционално зависен од нив.

Неколку случаи на Стокхолмски синдром:

Мери Мекелрој

Атрактивната Мери имала 25 години и голема визија за животот кога една мајска вечер додека се капела во луксузната бања во куќата на својот татко, била киднапирана од четири лица, меѓу кои и двајцата браќа, Џорџ и Волтер Мекги. 

Мери била ќерка на менаџерот Хенри Ф. Мекелрој, кој киднаперите го сметале за „златен рудник“. 

Мажите влегле во куќата со пушка и ја чекале Мери да се облече пред да ја однесат во стара фарма каде што била врзана со синџири за ѕид во студен подрум.

Киднаперите барале 60.000 долари за безбедно да ја вратат назад, но на крајот се задоволиле со половина од таа сума. Мери била пуштена безбедно и неповредена во близина на терен за голф.

Набргу потоа, тројцата мажи биле уапсени и за помалку од еден месец имале судење.

Но, на големо изненадување, Мери застанала во одбрана на нејзините киднапери. Таа истакнала дека во текот на 29 часа поминати во подрумот била третирана исклучително добро, а еден од мажите дури ѝ подарил цвеќе.

Судењето сепак се завршило со остри казни за мажите, а Мери чувствувала вина за тоа. 

Таа дури и го повикала гувернерот и го молела да им ја укине казната, но безуспешно. 

Често ги посетувала во затворот и им носела храна и подароци.

По неколку месеци Мери доживеала нервен слом и нејзината психичка состојба значително се променила. Неколку години подоцна, се самоубила пукајќи си во глава.

Во прошталното писмо напишала: „Моите четворица киднапери веројатно се единствените луѓе на светот кои не мислат дека сум целосна будала“.

najstrasnite-kidnapiranja-nekogash-ja-drzel-zatvorena-vo-kovcheg-7-godini-a-taa-go-obozavala-02.jpg

Елизабет Смарт

Елизабет Смарт имала само 14 години кога била киднапирана од нејзината спална соба. 

Нејзиниот киднапер, Брајан Дејвид Мичел, ја натерал да оди со часови додека не застанале пред еден камп. 

Таму ја принудил да се соблече, каде извршил некој болен свадбен ритуал, по што ја силувал. После тоа ја врзал за дрво и ја малтретирал.

Во текот на следните девет месеци, Елизабет била постојано силувана и психички малтретирана за да ја претвори во потполно покорна партнерка. 

Таа ги слушала неговите наредби и се трудела никогаш да не го  вознемирува.

Во ова ужасно злосторство учествувала и сопругата на Брајан Мичел. Чудно било тоа што тие тројца оделе на на јавни места, како што се библиотеки и локални продавници.

Кога Елизабет била испрашувана од полицијата таа го чувала својот идентитет во тајност и никому не кажувала.

Триото се преселило прво во Калифорнија, но Мичел одлучил уште еднаш да се преселат.

Елизабет, тука ја видела својата последна шанса да избега и на Мичел кој бил самопрогласен побожник, му рекла дека треба да се вратат во Јута - од духовни причини. 

Мичел се согласил. За време на поплавата сите тројца биле снимени и прикажани на вести, па биле препознаени од семејството на Елизабет.

Елизабет била спасена од канџите на киднаперите и вратена кај нејзиното семејство.

Иако можеби не е најдобар пример за Стокхолмскиот синдром, Елизабет на почетокот покажала некаква емпатија кон нејзините брутални киднапери - можеби мешавина од страв и малку разбирање за оние кои делувале како нејзина единствена семејна заедница за кратко време: иако целосно штетна и нефункционална.

najstrasnite-kidnapiranja-nekogash-ja-drzel-zatvorena-vo-kovcheg-7-godini-a-taa-go-obozavala-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg