Каде по ѓаволите е Мет!?

kade-poglavolite-e-met-povekjeНе можеме ни да ги наброиме сите места на кои Мет има танцувано. Ова е приказната за човекот кој ја развесели цела планета и кој продолжува...


...да шири оптимизам насекаде низ светот. Го чекаме во Македонија!

Си бил еден млад успешен дизајнер на видео игри. Еден ден тој се разбудил и посакал да го шета светот. Си направил веб страна за неговите роднини и пријатели да можат во секое време да видат каде се наоѓа.

kade-poglavolite-e-met-1

Знаејќи го неговиот специфичен начин на танцување, еден пријател му предложил да го снима како игра. Танцот им се видел интересен на многу луѓе кои го погледале видеото. Еден ден Мет добил понуда од една компанија да сврти крукче низ светот и да се снима додека си игра на различни места. Е ова е понуда што не се одбива! За 6 месеци Мет прошетал 39 држави на 7 континенти!

Читајќи ги мејловите што му пристигнуваат од сите страни на светот, тој сфаќа дека е потребно да направи уште еден круг околу светот за да танцува во друштво. Токму тоа и го прави. Овој пат патува 14 месеци и танцува со мештаните од 42 земји.

Сепак, не постои нешто толку добро на што мрчаторите не можат да му најдат маана. По коментарите дека видеата се лажни и се работи за монтажи Мет одговора со откривање на сите користени трикови. А неговото „признавање“ завршува со заеднички танц со публиката :)

Оваа неверојатната приказна што наликува на современа бајка покажува дека штом се сака сѐ се може. И дека е навистина добро да се водите од она „танцувај како никој да не те гледа“, дури и кога те гледаат милиони на youtube.

kade-poglavolite-e-met-2Мет танцува под вода во ресторан во Дубаи

Свесен дека проблемите во светот нема да исчезнат, со својата авантура Мет сака да покаже дека нашата планета и не е толку страшна и небезбедна како што почнавме да мислиме.

Вели дека ужива да одговара на прашањето „Како успеа да влезеш во Северна Кореја!?“. Не само што било многу едноставно да ја посети, туку и одлично си поминал танцувајќи со локалното население.

kade-poglavolite-e-met-3

Мет сѐ уште е оптимист, сѐ уште патува, сѐ уште танцува и на сите ни порачува дека малку глупирање не е на одмет.


З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Медицинска сестра одговара на прашања за смртта - Дали сме свесни, дали боли? „Какво е чувството во моментот кога настапува смртта? Дали знаеме?“. Колку да не...
Што значи кога апликацијата за временска прогноза вели дека има 20% шанси за дожд? Кога ќе ја отворите апликацијата за временска прогноза и ќе видите дека предвиду...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
Само 3 лица успеале да побегнат од озлогласениот затвор Алкатраз - Како им успеало? Веруваме дека сте слушнале за познатото бегство од Алкатраз во 1962 година. Трој...
28 часа бил заглавен наопаку во тесна пештера, телото до денес му е внатре: Трагичната смрт на Амери... Во 2009 година, Џон Едвард Џонс решил да ја истражи пештерата Nutty Putty во САД...
Готвење vs. достава, чистење vs. ангажирање хигиеничарка: Колку животот денес е поинаков од порано, ... Храната ни ја носат дома, за викендите сакаме да се одмориме наместо да чистиме,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg