Била опседната со секс, спиела со 300 мажи - Детали за бурниот љубовен живот на Катерина Велика

Обожавала еротски масажи, а сопругот ѝ бил еден вид макро. Ретко кој можел да ги задоволи сите сексуални потреби на царицата.

bila-opsednata-so-seks-i-spiela-so-300-mazi-burniot-ljuboven-zivot-na-katerina-velika-01.jpg

Руската царица Катерина Велика е запаметена како жена која имала бурен љубовен живот, кој вклучувал и промискуитет. 

Ги менувала љубовниците како играчки, а наводно, низ нејзиниот живот поминале дури 300 мажи. 

Често велела дека дневно ѝ е потребно да има 6 пати секс.

Таа богато ги наградувала своите љубовници со титули, замоци, имоти. 

На еден од нејзините љубовници дури и му подарила повеќе од 1.000 слуги.

bila-opsednata-so-seks-i-spiela-so-300-mazi-burniot-ljuboven-zivot-na-katerina-velika-09.jpg

Во својата соба имала агол затворен со завеса, каде престојувала заедно со своите љубовници.

Понекогаш имала неколку љубовници во исто време.

Од нив се очекувало да ги исполнат нејзините потреби секогаш кога е потребно. 

Но, таа ги избирала внимателно, а царскиот лекар проверувал дали имаат венерични болести.

bila-opsednata-so-seks-i-spiela-so-300-mazi-burniot-ljuboven-zivot-na-katerina-velika-06.jpg

Нејзината афера со советникот и слуга Григориј Потемкин станала една од најскандалозните љубовни приказни во историјата.

Имено, откако во 1862 година го симнала од тронот својот сопруг, императорот Петар III, почнала врска со Потемкин. 

Во тој период таа имала 45 години, а тој 35.

Си пишувале страсни писма еден на друг и премногу се зближиле. 

Тој ѝ помагал во управувањето со нејзините државни работи, а за возврат добил бројни имоти и титули. 

Наводно, тие се венчале тајно. 

Нивната страстна врска ја почнале во сауна, во подрумот на Зимската палата.

bila-opsednata-so-seks-i-spiela-so-300-mazi-burniot-ljuboven-zivot-na-katerina-velika-02.jpg

Како што растела улогата на Потемкин во дворецот, така растела и неговата улога во спалната соба на Катерина, до тој степен што тој ѝ станал еден вид макро кој продолжи да ѝ носи млади мажи.

Практично, љубовникот ѝ носел мажи во нејзиниот кревет за интимно да ја задоволат.

bila-opsednata-so-seks-i-spiela-so-300-mazi-burniot-ljuboven-zivot-na-katerina-velika-04.jpg

Фетиш за кој и денес се зборува

Во дворецот на Катерина Велика имало лице чија официјална професија била „скокоткач на стапала“. Неговата или нејзината работа била токму тоа - да ги скокотка или масира стапалата на царицата и на тој начин да ја стимулира додека раскажува сочни, еротски приказни или додека пее.

Забележано е дека на царицата многу ја сакала оваа еротска масажа

„Скокоткачите“ најчесто биле дамите од дворецот и тоа била многу привилегирана позиција поради нивната блиска врска со царицата, но и фактот што со неа поминувале некои од најинтимните моменти.

Бидејќи Катарина била ненаситна во кревет и имала бројни фантазии, не е ни чудо што не успеала да најде маж кој би можел да ги задоволи сите нејзини потреби.

bila-opsednata-so-seks-i-spiela-so-300-mazi-burniot-ljuboven-zivot-na-katerina-velika-08.jpg 

С. Ш. | Црнобело / фото: Profimedia

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства Овие жени не биле само убијци, тие сееле зло и ширеле страв и ужас каде и да оде...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg