Најчудните погребни обичаи во Србија: Цело село се кани на игранка, се играат ора

Луѓето област во Србија имаат чудни обичаи за време на погреби, особено кога ќе почине млад човек. Играат оро, ставаат глава од заклана кокошка во ковчегот и ги даруваат присутните верувајќи дека сето тоа ќе му се најде на покојникот на другиот свет. Дел од нивните обичаи повеќе не се практикуваат, но дел останале до денес.

organiziraat-igranki-i-igraat-oro-na-pogrebi-najchudni-pogrebni-obichai-vo-srbija-01.jpg

Меѓу многуте различни обичаи во Србија, веројатно најчудни се оние во Тимочка Краина и тоа за време на погребите. 

Некои од нив веќе не се применуваат, но некои сѐ уште се почитуваат.

Луѓето од тој крај сведочат дека се случувало во ковчезите на покојниците да се стави кукла или глава од заклана кокошка доколу едно семејство изгуби два члена, со цел да се прекине „лошата среќа“.

„Смртта на покојникот повлекува многу обреди, верувајќи дека покојниот ќе има поудобен задгробен живот. Затоа и покојните се даруваат. Сѐ зависи од ситуацијата и од тоа колку се богати покојните.

Значи, се ставаат многу злато и часовници, телевизори во нивните мали гробни замоци, мобилни телефони и разновидни вредни работи. Зависи од село до село“, открива Златимир Пантиќ за српската телевизија Курир.

organiziraat-igranki-i-igraat-oro-na-pogrebi-najchudni-pogrebni-obichai-vo-srbija-03.jpg

Тој додава дека е поинаку кога се закопува млад човек.

„Има голема разлика. На помладите им се посветува повеќе внимание, се организира и оркестар. 

Сè што сакал покојникот во текот на животот, му се приредува на погребот. 

А, за постарите помалку се води сметка. Погребот тогаш поминува во мир“, раскажува тој. 

organiziraat-igranki-i-igraat-oro-na-pogrebi-najchudni-pogrebni-obichai-vo-srbija-05.jpg

Тој вели дека порано имало и сквернавење на гробовите.

Кога некој од постарите ќе го закопале со златни заби, се случувало разбојници да дојдат и да го откопуваат.

Тоа не е забележано во скоро време.

organiziraat-igranki-i-igraat-oro-na-pogrebi-najchudni-pogrebni-obichai-vo-srbija-02_copy.jpg

Интересно е што дури и се танцува на погреби во овој крај.

За покојните се организира голема игранка во центарот на селото и за таа цел се повикува оркестар.

Сите присутни добиваат одредени дарови и им се дава свеќа, да ѝ се најде на душата на покојникот.

Такво нешто се организира за некој што починал млад, но го применуваат и побогатите.

На овие игранки е покането цело село.

organiziraat-igranki-i-igraat-oro-na-pogrebi-najchudni-pogrebni-obichai-vo-srbija-04.jpg

Многу се вложува во задгробниот живот затоа што народот верува дека човекот на тој свет ќе помине цела вечност и тоа што ќе биде дарувано за него на овој, ќе му се најде на покојникот на „оној свет“.

С. Ш. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Изберете една тарот карта и дознајте што ве очекува во мај Сонце, свет или тркало на среќата? Тарот картата што ја избравте ќе ви открие шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg