„Не купувам новогодишни подароци за децата, под елка ставам предмети што веќе ги имаат“

Ангела Џексон е јутјуберка која вели дека одлучила да го „поедностави Божиќ“ за своето седумчлено семејство, откако сфатила дека давањето подароци има тенденција да го „засени“ поминувањето квалитетно време со блиските и дека повеќе биле фокусирани на материјалните работи.

majka-veli-deka-ne-im-kupuva-na-decata-podaroci-za-bozhikj-tuku-ednostavno-zavitkuva-predmeti-koi-vekje-gi-imaat-doma-i-toa-im-e-bash-interesno-01.jpg

Една мајка открива дека оваа година нема да купува божиќни подароци за членовите на своето семејство, па наместо тоа, планира да ги завитка предметите кои веќе ги имаат во домот и да ги стави под елката.

На нејзиниот Јутјуб канал, познат како „Arrow Hill Cottage“, Ангела Џексон вели дека одлучила да го „поедностави Божиќ“ за своето седумчлено семејство, откако сфатила дека давањето подароци има тенденција да го „засени“ поминувањето квалитетно време со блиските.

majka-veli-deka-ne-im-kupuva-na-decata-podaroci-za-bozhikj-tuku-ednostavno-zavitkuva-predmeti-koi-vekje-gi-imaat-doma-i-toa-im-e-bash-interesno-02.jpg

Иако нема ништо лошо во давањето подароци, како што вели таа, нејзиното семејство претпочита активности кои не вклучуваат екрани, а и не им даваат големо значење на материјалните добра.

Наместо да се оптоваруваат со барање на совршениот подарок, тие претпочитаат повеќе да се фокусираат еден на друг.

„Нема да подготвуваме подароци оваа година“, вели оваа мајка, нарекувајќи ја нејзината одлука „контроверзна“.

majka-veli-deka-ne-im-kupuva-na-decata-podaroci-za-bozhikj-tuku-ednostavno-zavitkuva-predmeti-koi-vekje-gi-imaat-doma-i-toa-im-e-bash-interesno-03.jpg

Оваа традиција ја започнале во 2019 година, кога Џексон и сопругот ја граделе куќата, при што им требале повеќе финансии.

„Беше многу забавно. Едноставно правевме секакви забавни работи заедно и навистина уживавме“, продолжува таа.

Следната година, кога се вратиле на класичните подароци, и притоа го компензирале недостатокот на подароци од претходната година, имале чувство дека го пропуштаат останатиот аспект од празниците и се фокусирани само на материјалното.

majka-veli-deka-ne-im-kupuva-na-decata-podaroci-za-bozhikj-tuku-ednostavno-zavitkuva-predmeti-koi-vekje-gi-imaat-doma-i-toa-im-e-bash-interesno-03_copy.jpg

Откако сфатиле дека со давањето подароци пропуштаат многу други моменти од празниците, ја донеле оваа одлука и никогаш повеќе не се вратиле на изминатите навики.

Што мислите за оваа одлука? Дали е добар пример за децата или барем тие сепак треба да добијат мал подарок за празничната сезона?

М. Ѓ | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...
Луѓе споделуваат кој е најлошиот (и најсмешниот) роденденски подарок што го добиле „Татко ми ги одведе моите 3 помали браќа на спортски натпревар на мојот 21-ви ро...
Фрлаат бебиња од кров, жените ги венчаваат со бикови: Морничави индиски ритуали кои го згрозуваат св... Женските деца се сметаат за товар, па често и се убиваат додека се бебиња, се ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg