Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите

Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат секс по 5 пати на ден, затоа што тоа ги опушта. Како изгледа животот на Бушманите?

mazite-si-gi-razmenuvaat-zenite-i-imaat-seks-po-5-pati-na-den-bushmanite-imaat-specifichen-nachin-na-zivot-01.jpg

Бушманите се еден од најстарите народи во Африка и многу се разликуваат од останатото африканско население.

До денес воопшто го немаат променето својот начин на живот, поред кој живеат уште од самото настанување. Најнаселени се во Боцвана, Намибија, Јужен Судан, Ангола и Зимбабве.

Традиционалниот начин на живот на Бушманите се заснова на лов и собирање храна. 

Тие се познати и по нивното богато културно наследство, вклучително и специфичниот јазик познат како „јазик на кликнување“.  Необичен е поради неговите звуци „кликови“ кои звучат како пукање на јазикот.

Надарени се за уметност, трчаат по карпи, играат и изработуваат накит од природни материјали.

И понатаму успеваат да се спротивстават на модернизацијата на општеството и на сето она што го носи развојот на технологијата. 

Сè уште живеат во племенски заедници кои се поделени на ловци и собирачи.

mazite-si-gi-razmenuvaat-zenite-i-imaat-seks-po-5-pati-na-den-bushmanite-imaat-specifichen-nachin-na-zivot-08.jpg

Неколку факти за животот на овој уникатен народ:

Никогаш не се мешале со никој

Научниците ги споредиле гените на Бушманите со гените на 1.462 народи ширум светот и дошле до зачудувачки заклучок дека кај нив нема „прилив на нови гени“, што докажува дека тие не се мешале со никој.

Сите се со низок раст, а имаат и стеатопигија - состојба карактеризирана со акумулирање повеќе масни наслаги во областа на задникот.

Лесно се адаптираат на топлите и суви места каде владее суша, немаат потни жлезди и не лачат плунка, а женските полови органи се заштитени со големи усни.

Совршено се ориентираат во едноличен и непрегледен простор, а никаде не постои запис дека некој од нив се изгубил или починал од жед. 

mazite-si-gi-razmenuvaat-zenite-i-imaat-seks-po-5-pati-na-den-bushmanite-imaat-specifichen-nachin-na-zivot-09.jpg

Необичните обичаи на Бушманите 

Тие сакаат отворен простор и водат номадски живот организиран во мали мобилни групи составени од околу 25 луѓе, мажи, жени и деца.

Вечерта е време кога се собираат и си кажуваат што се случило во текот на денот. 

Пеат, пушат и се договараат за задачите за следниот ден. Но, пред зори стануваат и се подготвуваат за лов, а бабунот им е омилена храна, бидејќи е полн со маснотии и од него се долго сити. 

Во лов прв оди поглаварот, а сите останати го следат.

mazite-si-gi-razmenuvaat-zenite-i-imaat-seks-po-5-pati-na-den-bushmanite-imaat-specifichen-nachin-na-zivot-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg