Фигури во форма на слон – Каде треба, а каде не треба да стојат во домот?

Слоновите треба да бидат сместени во северниот дел од просторијата и секогаш да гледаат кон внатрешноста на домот. Во кои случаи треба да бидат свртени кон надвор и во кои простории не треба да ставате вакви фигури, за да ви донесат среќа и просперитет во домот?

figuri-vo-forma-na-slon-kade-treba-a-kade-ne-treba-da-stojat-vo-domot-01.jpg

Многумина веруваат дека во домот треба да имаат и амајлии што ќе им донесат среќа и благосостојба и ќе ги заштитат од негативните и лоши влијанија.

Фигурите со слонови се една од најчестите амајлии, но според индиските верувања тие треба да бидат позиционирани на вистинското место за да ви донесат успех во одредено поле во животот.

figuri-vo-forma-na-slon-kade-treba-a-kade-ne-treba-da-stojat-vo-domot-02.jpg

Во хиндуистичката митологија, Ганеша е богот со глава на слон кој носи голем број благослови и помага да се справите со предизвиците, а во последните години, овој симбол сѐ почесто е прифатен и во Западниот свет, како амајлија што треба да донесе среќа и благосостојба во домот.

Се верува дека слоновите на кои сурлата им е крената нагоре носат богатство и просперитет, а оние на кои сурлата им е надолу помагаат да се справите со тешки проблеми и овозможуваат долговечност.

Според упатените, статуата во форма на слон игра улога на правосмукалка во домот, која ја впива целата негативна енергија.

Идеално е да ги поставите во северната страна, а сурлата на слоновите најчесто треба да биде свртена кон внатрешноста на домот. Освен во случаите кога фигурата е поставена во близина на врата или прозорец, па треба да се сврти кон надвор, затоа што во овој случај слонот ве штити од надворешните негативни влијанија.

Каде треба да ги поставите статуите од слонови за да имаат најдобар ефект?

Влезна просторија и ходник

Според Фенг Шуи, ако сакате оваа амајлија да ви донесе среќа и заштита во домот, тогаш треба да ја ставите во северниот агол од влезната просторија со сурлата свртена навнатре.

Ако, пак. сакате да се ослободите од негативната енергија во домот, сурлата на слонот треба да биде свртена кон излезот од домот.

figuri-vo-forma-na-slon-kade-treba-a-kade-ne-treba-da-stojat-vo-domot-11.jpg

Канцеларија

Во канцеларискиот простор, фигурата во форма на слон треба да биде поставена во близина на вратата или влезот. На тој начин ќе ја заштитите позитивната енергија внатре во просторијата.

Ако, пак, ставите фигура во облик на слон на работната маса, тоа ќе ви помогне да останете сконцентрирани, фокусирани и полесно да се справувате со притисоците.

figuri-vo-forma-na-slon-kade-treba-a-kade-ne-treba-da-stojat-vo-domot-04.jpg

Детска соба

За да им помогнете на децата полесно да учат, добро би било да ставите ваква статуа на нивната работна маса.

Исто така, за подобра комуникација со децата, можете да изберете фигури кои се приказ на мајка и бебе слонче.

figuri-vo-forma-na-slon-kade-treba-a-kade-ne-treba-da-stojat-vo-domot-05.jpg

Спална соба

Во спалната соба можете да закачите слика со слонови за да ја зацврстите поврзаноста со партнерот.

Истиот ефект ќе го постигнете ако поставите две идентични фигури на помошните масички.

Се смета дека во овој простор најдобро е да ставите фигури во боја на месинг, кои ќе ви помогнат брзо да ги надминете сите недоразбирања со партнерот.

figuri-vo-forma-na-slon-kade-treba-a-kade-ne-treba-da-stojat-vo-domot-08.jpg

Каде не треба да ги чувате фигурите?

Според Фенг шуи, фигурите со слонови никогаш не треба да ги ставате во бањата или во кујната.

Исто така, се верува дека скршените фигури не ја губат својата моќ, но никогаш не треба да чувате фигурини или фотографии на кое е прикажано малтретирање или измачување на слонови.

figuri-vo-forma-na-slon-kade-treba-a-kade-ne-treba-da-stojat-vo-domot-12_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Што открива уредувањето на домот за вашиот карактер? Домот открива многу нешта за личноста којашто живее таму. Сепак, секој од нас си...
Изберете една тарот карта и дознајте што ве очекува во мај Сонце, свет или тркало на среќата? Тарот картата што ја избравте ќе ви открие шт...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...
Разбиваме митови: Невестата не треба да носи бисери на свадбата, затоа што ќе ѝ донесат солзи Некои веруваат дека колку бисери има на ѓерданот, толку години ќе поминете несре...
Трикови и скриени намени на секојдневни производи што сигурно не ги знете Знаете ли како правилно да ги ставите малите црни шноли или зошто на ескалаторит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg