Жени откриваат – Со какви изговори мажите ги избегнуваат обврските низ домот?

„Бившиот ми рече дека ја отпуштил хигиеничарката од неговиот дом бидејќи сега ме имал мене. Му се изнасмеав и му раскинав“.

zheni-otkrivaat-so-kakvi-izgovori-mazhite-gi-izbegnuvaat-obvrskite-niz-domot-01.jpg

Во минатото, кога жените немале ни право да одат на работа, тие се грижеле за домот и децата.

Но, иако денес ситуацијата е променета и жените работат со полно работно време, се чини дека сите домашни обврски сепак се нивен товар.

Бројни жени имаат проблем со партнери кои не сакаат да измијат ни една чинија, а секогаш имаат и „генијални“ изговори за тоа.

Корисник на Редит ги прашал жените какви изговори користат нивните (поранешни) партнери за да ги избегнат домашните обврски како чистење.

Дел од одговорите во продолжение:

„Еден маж кој го познавам (за среќа не е мојот партнер) рече дека никогаш не помагал со готвењето бидејќи неговото време било многу вредно“.

„Бившиот партнер ми рече дека ја отпуштил хигиеничарката од неговиот дом бидејќи сега ме имал мене. Му се изнасмеав во лице и му реков да ѝ се јави, да ѝ се извини и да ја моли да се врати на работа.

Потоа раскинав со него бидејќи очигледно тој сакал мајка, а не партнерка“.

„Ми рече: ’Не можев да направам вечера бидејќи бев излезен со пријател. Не би ме разбрала, бидејќи јас имам живот (аз разлика од тебе)'.

Генерално, секојпат изговор му беше дека тој има повеќе пријатели од мене. Но, со ниту еден пријател не се дружеше повеќе од година-две“.

zheni-otkrivaat-so-kakvi-izgovori-mazhite-gi-izbegnuvaat-obvrskite-niz-domot-02.jpg

„Кога се разведував од бившиот, тој му рече на судијата дека не сум го капела бебето доволно, па затоа требало да му го доделат старателството нему.

Кога судијата го праша зошто тој не го капел, бившиот рече дека не го разбрал прашањето. Буквално беше збунет бидејќи не му било јасно дека и татковците можат да ги капат децата“.

„Бившиот ми кажа дека не знаел како да вклучи машина за перење облека. Исто така, велеше дека мажите и жените имале различен вид, па мажите не можеле да видат што требало да се исчисти и затоа не чистеле“.

„Порано редовно готвев за бившиот и за мене. Кога го замолував да ми помогне со чистењето на кујната, одбиваше.

Кога еднаш го прашав зошто не сака да ми помогне, ми рече ’Ти треба да ги измиеш тавите и тенџерињата бидејќи ти ги извалка‘, без разлика што ги извалкав за да му направам вечера која лакомо ја јадеше“.

zheni-otkrivaat-so-kakvi-izgovori-mazhite-gi-izbegnuvaat-obvrskite-niz-domot-03.jpg

„Бившиот ми велеше дека не сака да помага со домашните обврски бидејќи иако и двајцата работевме по 40 часа неделно, мојата канцеларија била поблиску до дома. Па, јас сум имала повеќе време и требало јас да чистам“.

„Бил изморен, не спиел добро… Јас сум во деветтиот месец од бременоста!“

„Мојот сопруг, кој е индустриски инженер, не можел да ја вклучи машината за садови бидејќи ’не знаел како работи‘“.

zheni-otkrivaat-so-kakvi-izgovori-mazhite-gi-izbegnuvaat-obvrskite-niz-domot-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
Прашувам за пријател: Само што се вратив од болница, а сопругот очекува да му готвам и да го служам ... „Првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg