Подгответе Раванија

Од ризницата на стари и добро рецепти кои вреди да се пробаат ја издвоивме раванијата . Подготовката е едноставна и брза, слободно пробајте и споделете го искуството.

podgotvete-ravanija

Сосотојки:

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 1 ванила
  • 8 лажици гриз
  • 4 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • Корка од еден лимон


Шербет:

  • 600 грама шеќер
  • 600 ml вода
  • сок од еден лимон


Подготовка:

Изматете ги жолчките со шеќерот и ванилата, додајте го измешаното брашно со гризот, прашокот за печиво и изренданата корка од лимон. Изматете ги белките па додајте ги на претходната смеса. Тавчето за печење намачкајте го со путер, посипете го со брашно и во него ставете ја смесата за раванија. Печете на 200 степени 20 минути. Раванијата полејте ја со сварениот шербет. Изладена раванија - топол шербет.

На здравје!

Би можело да ве интересира:

Чудни детали од земјите ширум светот - автомат за колбаси, нудли со кофеин за гејмери (фото) Знаевте ли дека наместо со шеќер, во Иран чајот традиционално се служи со вид на...
Како да им дадете „втор живот“ на старите перници? Ако имате куче или маче, старите перници може да ги искористите да направите одл...
Трикови како да си го направите животот посреќен и полесен (според науката) За подобар сон, секој ден поминувајте време на сонце, додека спиењето со партнер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg