Подгответе штрудла со сладолед од ванила

Штрудлата е еден од омилените десерти во светот, па затоа може да се пронајдат многу различни начини за подготовка. Овој рецепт што ви го нудиме е штрудла со јаболка и сладолед од ванила и е идеално летно освежување.

leten-desert-strudla-so-sladoled-od-vanila-01

Состојки потребни за подготовка

  • Кора за штрудла (можете да ја купите од продавница или можете да ја направите од тенко сукано тесто)
  • 1 kg кисели јаболка
  • Шеќер
  • Путер
  • Цимет
  • Суво грозје

Сладолед од ванила

Исецкајте ги јаболките на коцки во големина од 1,5 cm. Посипете ја кората со растопен путер и во средина поставете ги сецканите јаболки.

Испрскајте со шеќер, цимет и суво грозје. По желба можете да ги ставите во рум да потстојат пред да ги искористите за штрудлата. Свиткајте го тестото и поставете го во тепсија. Избоцкајте го за да не попука горниот дел.

Печете во загреана рерна на 180 степени 30 до 40 минути се додека тестото не добие златна кора.

Оставете ја штрудлата да се олади и послужете со топка сладолед од ванила. Декорирајте со нане, цимет или топено чоколадо.

leten-desert-strudla-so-sladoled-od-vanila-02

Би можело да ве интересира:

Чудни детали од земјите ширум светот - автомат за колбаси, нудли со кофеин за гејмери (фото) Знаевте ли дека наместо со шеќер, во Иран чајот традиционално се служи со вид на...
Трикови и скриени намени на секојдневни производи што сигурно не ги знете Знаете ли како правилно да ги ставите малите црни шноли или зошто на ескалаторит...
7 идеи што да им подарите на луѓето што не можат да си го замислат денот без кафе Од мелница за кафе, до термос за кафе... Постојат повеќе идеи за тоа што би може...
Трикови како да си го направите животот посреќен и полесен (според науката) За подобар сон, секој ден поминувајте време на сонце, додека спиењето со партнер...
5 јадења кои потекнуваат пред нашата ера – ги подготвувале и древните народи Знаевте ли дека популарниот чизкејк го правеле и древните Грци? Кои други јадења...
Страв од жолта боја, страв од донесување одлуки: Необични фобии за кои сигурно не сте знаеле дека по... Иако на повеќето им се има случено да им се налепи путер од кикиритки на горниот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg