Роберт Рич е првиот кој компонира музика за спиење

Замислете го ова - музичар компонира и изведува музика која ја тера публиката да заспие, а ако тоа го постигне тогаш тој доживува успех.

robert-rich-e-prviot-koj-komponira-muzika-za-spienje-01

Електронскиот музичар Роберт Рич е музичар на далеку познат по своите “концерти за спиење”. На неговите настапи тој создава музика на електронски клавијатури, црпи инспирација од органски звуци и меки инструменти, како и ударни инструменти и флејти.

Роберт Рич е горд што е прв човек во историјата кој твори музика за заспивање. „Секогаш сакам многу повеќе од ритуална атмосфера, сакам нешто посебно,“ вели Рич за својата уникатност.

Сите кои до сега присуствувале на негови концерти признаваат дека на неговата музика не е можно да останеш буден, што е одличен комплимент.  Кога заспиваш звуците се пријатни и мелодијата ти одговара, не те буди како некоја музика на радио, велат многумина.

robert-rich-e-prviot-koj-komponira-muzika-za-spienje-02

Спротивно на целата негова креативност, Роберт вели дека никогаш не спие пред концертите. Околу 2 дена пред одржување на ваков настап се труди да го доведе до совршенство, што често пати е премногу напорно.

Неговите песни денес можете да ги пронајдете насекаде низ интернетот, а тој препорачува да ги слушате секогаш кога не можете да заспиете. Поставете два звучници на еднаква оддалеченост, пуштете тивка музика и одморете, тоа е неговата препорака.

Би можело да ве интересира:

Морничавата приказна за вистинскиот Ханибал Лектор: Затворен е во подземна стаклена ќелија, изолиран... Британецот Роберт Модсли е затворен во самица над 40 години, по неколкуте свиреп...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Жените му биле секс робинки, ги жигосувал со неговите иницијали – морничавиот култ на Кит Раниер Криејќи се зад семинари за личен развој, Кит Раниер направил култ во кој ги експ...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg