5 најоригинални стилови за уредување на домот

Во денешно време кога се одлучувате за уредување на домот, поимот “модерен стил” стана многу широк поим, посебно кога имате пред себе стотици стилови на уредување.

5-najoriginalni-stilovi-za-ureduvanje-na-domot-01

За да го уредите домот по ваш вкус, ви ги преставуваме 5те најстари и најоригинални стилови за уредување на ентериерот. Можеби ќе се пронајдете некаде...

Марокански стил

Се работи за егзотичен спој на европски и арапски елементи, а задоволни ќе бидат оние кои сопствениот дом сакаат да го претворат во бајка. Раскошните ткаенини во силни бои на овој стил му даваат единствен и богат изглед. Мебелот секогаш треба да е изработен од дрво и украсен со нитни и светкави детали. Светилките и романтичните лапби се неизоставен детал.

5-najoriginalni-stilovi-za-ureduvanje-na-domot-02

Африкански стил

Ова е тренд кој веќе со години не излегува од мода. Живите бои во комбинација со земјените тонови се основа на овој стил. Деталите како што се животинските принтови дополнително го нагласуваат раскошот на црниот континент. Виртуелните маски и дрвени фигури во просторот носат мистична нота. Рецептот за уредување во овој стил е едноставен – во домот треба да ја внесете топлината на сонцето и песокот, но и богатството на животинскиот и растителен свет.

5-najoriginalni-stilovi-za-ureduvanje-na-domot-03

Јапонски стил

Иако најчесто го врзуваат со црно-белата комбинација, тој е многу повеќе од тоа. Пример за модерно уредување на домот во јапонски стил претставуваат дрвените предмети, а доминира црвената боја, која во тамошната традиција ја отсликува среќата. Порцеланските вази и украсни пернички, како и обожаваниот лик на Буда се детали со кои се постигнува разиграноста на просторот.

5-najoriginalni-stilovi-za-ureduvanje-na-domot-04

Викторијански стил

Како што и самото име открива, овој стил се одликува со раскошноста на англиската кралица Викторија. До ден денес овој стил се карактеризира со масивен мебел, во главно од махагони дрво, а мотиви за декорација се секогаш цвеќето и животните. Украсите како раскошните лустери и теписи, слики и огледала со богати рамки се секогаш добредојдени.

5-najoriginalni-stilovi-za-ureduvanje-na-domot-05

Современ француски стил

Во ваквиот простор никогаш не недостасува романтика, а благодарение на нежните и пастелни бои во комбинација со светлиот мебел, просторот добива пространост и свежина. Типични за францускиот стил на ентериер се деталите од ковано железо, раскошните рамки за слики, како и позлатените украси. Доколку сакате да го освежите домот, одлично би било да инвестирате во ситни детали кои може да ги изработите и самите. Во современиот француски стил се работи за мешавина од удобност и префинетост.

5-najoriginalni-stilovi-za-ureduvanje-na-domot-06

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Што открива уредувањето на домот за вашиот карактер? Домот открива многу нешта за личноста којашто живее таму. Сепак, секој од нас си...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg