Топ 10 адреналински искуства кои мора да ги доживеете

Иако повеќето од нас го чекаат годишниот одмор за да се излежуваат, сончаат и да не прават ништо, годишниот одмор не мора нужно да значи ваков вид на уживање.

top-10-adrenalinski-iskustva-koi-mora-da-gi-doziveete-01

Овие неколку активности се посветени на оние кои патувањата ги доживуваат како вистинска авантура и без соменвање ќе им ја разбудат фантазијата.

Возење по соленото езеро во Боливија

Најголемата солена површина во светот е езерото Ујуни и се смета за една од најубавите глетки во кои може да уживате. Езерото е прекриено слој на сол, чија дебелина изнесува неколку метри. Во лето, оваа солена површина е прекриена со дождливи капки кои формираат неверојатен ефект на отсликување на облаците. Уште ако на оваа убавина и додадете малку брзина? Идеално за сите зависници од адреналин!

top-10-adrenalinski-iskustva-koi-mora-da-gi-doziveete-02

Банџи џампинг на висечкиот мост Ројал Џорџ, САД

Ако некогаш некој ве прашал да му дадете дефиниција за адреналинско и екстремно патување, банџи скокањето од овој мост би бил одличен синоним за тоа. Најголемиот мост Ројал Џорџ е висок 321 метар над Аркансас реката и е идеален за храбри скокачи. А, пред да се внесете во непознатото, уживајте во прекрасниот поглед кој ви го нуди овој мост.

top-10-adrenalinski-iskustva-koi-mora-da-gi-doziveete-03

Истражување на најопасното место во светот - Панамската џунгла

Дариен Гап, границата помеѓу Панама и Колумбија е најмалку истраженото место во светот, но не заради својата недостапност, туку заради комбинацијата на сите лоши животни и растенија кои може да се најдат на едно место. Она што ги привлекува туристите се лудите авантури да трчаат по опасната област која има прекрасна природа. Магливите планини, влажните врнежливи шуми и интересниот животински и растителен свет се оние кои нудат најдобра авантура.

top-10-adrenalinski-iskustva-koi-mora-da-gi-doziveete-04

Планинарење на Монт Хуашан стазата во Кина

Оваа страшна стаза која и пркоси на гравитацијата ја посетуваат сите туристи во кина. Позната е како најопасната стаза на светот, бидејќи е наменета за туристи аматери кои се искачуваат без никаква опрема. Патот на оваа стаза е изграден од дрвени даски кои се простираат низ најстрмните планински врвови, па токму затоа се единствената адреналинска забава која не може да се спореди со ништо друго во светот.

top-10-adrenalinski-iskustva-koi-mora-da-gi-doziveete-05

Возење на жица во Непал

Во Непал може да се провозите закачени за јаже долго два километри, каде во еден момент ќе достигнете брзина од 130 километри на час. Целото возење се одвива над пустина и трае околу две минути. Кога ќе погледнете надолу ќе сфатите дека сте на надморска височина од над 600 метри.

top-10-adrenalinski-iskustva-koi-mora-da-gi-doziveete-06

Рафтинг по реката Замбеза, Замбија

Јаките брзаци на Замбеза дефинитивно не се за оние со слабо срце. Рафтингот на оваа река се смета за едно од најдобрите искуства во светот. Доколку се упатите кон рафтинг на оваа река, подгответе се за потење на дланките, напнатост во зглобовите и мускулите, како и силно биење на срцето.

top-10-adrenalinski-iskustva-koi-mora-da-gi-doziveete-07

Нуркање на Флорида

На Флорида се наоѓаат неколку најпосакувани дестинации за нуркање – Мал ѓавол, Окото на ѓаволот и Увото на ѓаволот. Самата помисла на истраување на морето е прекрасна, а уште кога знаете дека под овие бранови се крие нешто необично и до сега ретко видено, искуството е неизбежно.

top-10-adrenalinski-iskustva-koi-mora-da-gi-doziveete-09

Качување по замрзнати водопади, Канада

Хелмкен Фолс го нуди највозбудливото и многу опасно искачување по мраз какво нема да пронајдете никаде на друго место во светот. Ваше е да се сместите на прекрасниот водопад, а неговиот облик и остри линии го прават еден од најтешките места за искачување од овој вид.

top-10-adrenalinski-iskustva-koi-mora-da-gi-doziveete-11

Нуркање со голема бела ајкула во кафез, Јужна Африка

Познати се како најстрашни и најинтригантни суштества во светот, па можеби затоа за некои луѓе се најголема можна авантура. Оваа по малку страшна авантура започнува во Гансбаи, од каде што се поаѓа на излет со професионални нуркачи како би стекнале искуство кое никогаш нема да го заборавите. Во текот на оваа авантура, додека сте во кафез, ќе дојдете толку близу до голема бела ајкула така што би можеле да ја допрете, но секако никој не ви го препорачува тоа. Доволно е да уживате во глетката.

top-10-adrenalinski-iskustva-koi-mora-da-gi-doziveete-10

Возење на ролер костер, САД

Ако имате издржлив желудник за големи височини, сакате тематски забавни паркови кои нудат адреналин и можете да преживеете големи брзини без да ви се сврти, тогаш можете да му дадете шанса на најолемиот ролер костер. Патување од преку 200 километри на час и искачување на висини од 140 метри се само некои од карактеристиките кои го прават паркот “Kinda Ka” најекстремен за возење во целиот свет.

top-10-adrenalinski-iskustva-koi-mora-da-gi-doziveete-08

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Елена, Давид и уште 4 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во септември Ако треба да станете родители во септември, а сè уште не знаете кое име да му го...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg