Најчудните ресторани во светот: Местa каде секој оброк е авантура

Мајмуните се келнери, ВЦ шолји наместо столици, храна послужена на 50 метри висина, оброк подготвен на топлина на активен вулкан и телефон на секоја маса за полесна комуникација. Добредојдовте во едни од најчудните ресторани во светот!

najcudnite-restorani-vo-svetot-mesta-kade-sekoj-obrok-e-avantura-01

Нивниот адут не лежи исклучиво во вкусната храна и љубезната услуга, туку и во впечатокот дека сте искусиле нешто до тогаш невидено.

Kayabukiya Tavern, Јапонија

Некогашниот традиционален ресторан во 2008 година доживеа интернационална популарност благодарение на брилијантната работа на келнерите. Ништо не би било чудно ако келнерите не беа две мајмунчиња.

Сè започнало тогаш кога овие две мајмунчиња, инаку миленици на сопствениците на ресторанот, не започнале самоволно да го повторуваат она што луѓето го правеле. Сега тие ја имаат задачата да ги наполнат чашите на гостите.

Со текот на времето бројот на мајмунчињата келнери се зголемил на 5, но сопствениците тврдат дека внимаваат на нивното заморување, односно одмор на секој половина час.

najcudnite-restorani-vo-svetot-mesta-kade-sekoj-obrok-e-avantura-02

House of Poo Poo, Кина

Кога веќе сме на далечниот исток, поточно во Пекинг, тука ве чека еден од најбизарните тематски ресторани во светот. Целиот ресторан е уреден така што имате чувство дека ручате во тоалет.

Оброците се служат во мини реплики на вц шолји, а на поголеми керамички ќе имате можност да седнете. Најгрозното нешто е што храната се служи така што ве потсетува на измет.

Сопствениците тврдат дека поентата на гостите кои доаѓаат тука е добро да се забавуваат, а воедно и да се опуштат во текот на оброкот.

Дека овој концепт постигнал успех, сведочи и фактот дека покрај во Пекинг, ресторани од овој тип се отворени уште во 3 различни града.

najcudnite-restorani-vo-svetot-mesta-kade-sekoj-obrok-e-avantura-03

Le Restophone, Франција

Оригиналниот концепт на овој француски ресторан го прави единствен и препознатлив во светот. Тука освен што можете да уживате во одличната храна и специфичната атмосфера, имате можност по пат на домашен телефон да контактирате некој од гостите, ако сте заинтересирани.

На секоја маса се наоѓа по еден телефон кој може да ви користи ако сакате да нарачате некоја пијачка на некој од соседната маса, да го поканите на танц или било што друго и да ви падне на памет.

najcudnite-restorani-vo-svetot-mesta-kade-sekoj-obrok-e-avantura-04

Dinner in the Sky, Белгија

За да биде потполно уживањето во овој специфичен ресторан, постои еден единствен предуслов – да не се плашите од висина. Не зборуваме за високи градби со одличен бар-ресторан на кровот, ниту за ручек во авион.

Се работи за летечки ресторан кој се одделува од земјата над 50 метри висина. Заради сигурност, гостите се врзани со појаси.

Идејата за вечера во воздух за прв пат е реализирана во Белгија, а за само неколку месеци стана интернационална сензација.

najcudnite-restorani-vo-svetot-mesta-kade-sekoj-obrok-e-avantura-05

El Diablo, Шпанија

Поимот за природно подготвена храна доби сосема ново значење во овој ресторан на еден шпански остров. Близината на активниот вулкан овозможува храната да се подготвува на загреаната површина.

Овој ресторан постои од 1970 година и освен тоа што во својата понуда има уникатно подготвена храна, на гостите им нуди уживање во фантастичниот поглед и специфичната атмосфера во близина на вулканот.

najcudnite-restorani-vo-svetot-mesta-kade-sekoj-obrok-e-avantura-06

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg