Како да подготвите вкусни тестенини?

Омилениот летен оброк на многумина во себе крие неколку тајни за многу подобар вкус од вообичаено. Не очајувајте ако не можете да ја погодите совршената цврстина на пастата. Само следете ги овие неколку едноставни правила кои ќе ве претворат во врвен мајстор.

kako-da-podgotvite-vkusni-testenini-01

1. За варење на тестенините користете големи лонци. Полесно е, а и имате поголема прегледност.

2. Не додавајте масло во водата. Водата засолете ја дури кога ќе проврие, бидејќи тестенините се тогаш највкусни. Имајте на ум дека на половина килограм тестенини се ставаат околу 2 лажички сол.

3. Тестенините промешајте ги штом ќе ги ставите во водата и неколку пати додека се варат, за да не се залепат на дното.

4. Ако на пакувањето пишува дека треба да ги варите 10 минути, пробајте ги една минута порано. Свежата тестенина испливува на површината штом е готова.

kako-da-podgotvite-vkusni-testenini-02

Што никако не смеете да правите?

1. Никогаш не ги кршете тестенините пред да ги варите.

2. Маслото за готвење никогаш не е добра идеја. Доволно е да промешате за да не се залепат. Ако додадете масло подоцна ниту еден сос нема да се одржи на тестенините.

3. Отприлика една шолја од водата во која ги варите тестенините додајте во сосот кој го подготвувате.

4. Никогаш не ги поминувајте со вода сварените тестенини, ќе изгубат половина од вкусот кој ви е потребен.

Би можело да ве интересира:

7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
13 важни правила што треба да ги имате на ум пред да отпатувате во друга земја Во Египет не носете влечки, а во Мексико не влегувајте во тоалетите означени со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg