Како да го отстраните мирисот на цигари од домот?

Не практикувате пушење во домот, но ви дојдоа гости кои ви е непријатно да ги испраќате на терасата? Мирисот на цигари во станот е навистина непријатен. Веднаш се чувствува и не може да се сокрие.

kako-da-go-otstranite-mirisot-na-cigari-od-domot

Ако и после проветрување се уште го можете да го насетите, тогаш дефинитивно се впил во предметите.

Постојат неколку методи за отстранување на долготрајниот мирис на природен начин:

1. Оцетот е добар за неутрализирање на миризби. Дрвените предмети одржувајте ги така што ќе ги напрскате на површината со разреден оцет со топла вода и ќе ги пребришете со памучна ткаенина. Тапацираниот мебел бара малку повеќе време, но можете да ја користите истата техника.

2. Пробајте со сода бикарбона. Одлична е за внатрешноста на фиоките – затворете ги полни со сода бикарбона на 24 часа и таа ќе ги впие сите мириси.

Можете да ја користите и за тапациран мебел. Правосмукајте го мебелот и посипете ја површината со сода бикарбона. Оставете да отстои 24 часа и следниот ден исчистете темелно со правосмукалка.

3. Доколку овие две техники не го решат вашиот проблем со мирисот на цигари, обидете се со мелено кафе или активен јаглен. И едното и другото е одлична техника против непријатни мириси.

4. На долг рок, доколку често се пуши во вашиот дом, задолжително е редовно кречење на ѕидовите и пречистување на мебелот со детергент и вода.

Би можело да ве интересира:

Што открива уредувањето на домот за вашиот карактер? Домот открива многу нешта за личноста којашто живее таму. Сепак, секој од нас си...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...
Скриени цркви, чешми - 5 лековити места во Македонија Кога претходно објавивме за лековити места (манастири и цркви), потенциравм...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg