Како да читате 300 пати побрзо?

Просечен човек за читање на една страница од книга му е потребна една минута, додека брзите читачи за исто време во просек читаат пет до десет страници. Третина од времето кое го трошите во читањето го трошите на повторно читање на истиот текст.

tehniki-za-da-citate-300-pati-pobrzo-01

Повеќето неефикасно читаат бидејќи во себе изговараат збор по збор, исто како и кога читаат на глас. Брзото читање е техника која се учи и се совладува.

Суштината е во изострувањето на фокусот и ширењето на перцепцијата која помага во забележувањето на важните работи во текстот, ја шири меморијата и ја зголемува способноста за разбирање на прочитаното.

Процесот на читање е значително побавен ако ги изговарате зборовите во себе. Обидете се да се одвикнете од тоа.

tehniki-za-da-citate-300-pati-pobrzo-1

Една серија читање нека ви трае 20 минути.

Првите 10 минути одвојте ги за читање важни информации, а за време на другите 10 минути со свои зборови накратко напишете го најважното, што читајќи ќе го запаметите. Оваа навика не само што ќе ви помогне да читате побрзо, туку и подобро да го разберете прочитаното.

Ослободете се од бучавата.

Исклучете го телефонот, изгасете го телевизорот и музиката. Тишината ќе ви помогне да ги разберете своите мисли и да откриете како читањето влијае на вас.

Читајте повеќе зборови истовремено.

За разлика од учениците кои на почетокот читаат збор по збор, вие сте во состојба да читате по три зборови истовремено. Пробајте. Брзо ќе ви премине во навика.

tehniki-za-da-citate-300-pati-pobrzo-2

Користете го показалецот или моливот.

Следете го читањето на подолг текст, за да не го загубите фокусот.

Додека читате фокусирајте се на центарот на текстот.

Нека не ви го одземаат вниманието параграфите кои следат под она што го читате.

Избегнувајте да се враќате на делот кој сте го прочитале.

Брзите читачи секогаш продолжуваат понатаму со надеж дека важните информации ќе ги надоместат подоцна.

Фокусирајте се на клучните зборови.

Сите кои читаат брзо знаат дека секој напишан параграф има клучен збор и дека повеќето испишани зборови не зборува ништо за идејата која ја соопштува текстот. Затоа клучните зборови го претставуваат најважното што треба да се запомни од текстот.

tehniki-za-da-citate-300-pati-pobrzo-3

Ако било лесно и едноставно брзото читање, тогаш секој би ја совладал оваа техника. Затоа не се разочарувајте од првичните резултати, дајте си време, вежбајте и имајте трпение.

Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Биле во врска, ладнокрвно убиле две жени: Злосторството на сестрите Папин за кое се зборува и 90 год... Сетрите Папин биле опседнати една со друга, неразделни, никогаш не зборувале, а ...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
13 корисни трикови што може да ве спасат од незгодни ситуации со изгледот Како брзо да ги избелите забите или да го освежите здивот? Овие корисни трикови ...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Како започна CoComelon, телевизиската серија со заразна музика што ја знае секое дете? Заразна мелодија, зборови кои ги знае секое дете и препознатливата лубеница на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg