Кои се најлудите приговори на туристите?

Туристите имаат разни желби и поплаки. Некои се основани и логични, а некои се далеку од здравиот разум. Ви ги претставуваме најлудите изјави на туристите за кои тешко може да се поверува дека воопшто можеле да ги изговорат.

koi-se-najludite-prigovori-na-turistite-01

Еве некои изјави кои Томас Кук Векејшнс ги добил од незадоволните гости:

- Локалните сопственици на продавниците во Пуерто Валарти се многу мрзливи и попладне за време на сиестата ги затвораат продавниците. А мене обично баш тогаш ми треба нешто да купам и тоа затворање треба да биде забрането.

- На патувањето во Гоа во Индија бев згрозен кога видов дека скоро во секој ресторан служат кари, а јас не сакам зачинета храна.

koi-se-najludite-prigovori-na-turistite-3

- Резервиравме патување во воден парк, ама никој не ни кажа дека треба да понесеме костуми за капење. Мислевме дека тоа е вклучено во цената.

- Плажата беше премногу песочна. Моравме сè да чистиме кога се вративме во соба.

- Кога стигнавме на местото песокот не беше како на сликите бел, туку малку пожолт.

koi-se-najludite-prigovori-na-turistite-5

- Треба да се забрани капење топлес на плажа. Топлес девојките му го одвекуваа вниманието на мојот сопруг, а тој сакаше само да се одмори.

- Никој не ни кажа дека ќе има риби во морето.

- Иако во брошурата пишуваше дека кујната е целосно опремена, сепак немаше сечкало за јајца.

- Бевме на одмор во Шпанија и имавме проблем бидејќи сите таксисти беа Шпанци.

- Патиштата беа нерамни, па не можевме мирно да го читаме водичот додека се шетаме и пропуштивме многу забавни работи.

koi-se-najludite-prigovori-na-turistite-4

- Нас ни беа потребни 9 часа за да стигнеме од Јамајка до Англија, а на Американците им требаат само 3 часа, мислам дека тоа е неправедно.

- Ја споредивме нашата еднокреветна соба, со трокреветната на нашите пријатели и беше многу помала.

- Во брошурата пишуваше дека во хотелот нема фризер. Ние сме по струка фризери и мислиме дека ако го знаеја тоа немаше да чекаме толку за услуга.

koi-se-najludite-prigovori-na-turistite-1

- Ме касна комарец. Во брошурата не пишуваше ништо за комарци.

- Ваша должност како туристички оператор е да не предупредите дека има гласни гости во хотелот, уште пред да тргнеме на патувањето.

- Мојот свршеник и јас баравме соба со одвоени кревети, но наместо тоа добивме еднокреветна. Сега сметаме дека вие сте виновни што останав трудна, бидејќи тоа немаше да се случи, ако ни ја дадовте собата која ја баравме.

Би можело да ве интересира:

Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg