Како да си го подобрите расположението ако сте тажни?

Сите во одреден момент може да почувствуваат тага, депресија. Зависно од ситуациите тоа може и подолго да потрае. Но, не дозволувајте тоа да ве обземе, научете како да си помогнете сами.

kako-da-si-go-podobrite-raspolozenieto-ako-ste-tazni-01

1. Фокусирајте се на тоа што го правите

Обично се растажувате ако помислите на некоја мината ситуација или нешто што веќе ви се случило. Затоа концентрирајте на она што го правите во моментот, макар да е тоа и најобична секојдневна активност, како готвење, миење садови, чистење...само обидете се да се концентрирате целосно. Ќе заборавите на тагата.

2. Излезете на јавно место и насмевнувајте им се на луѓето

Добрата страна на насмевката е тоа што е навистина заразна. Ако на некого да му се насмевнете не може и тој да не ви возврати. Се случува, но многу ретко. А кога некој ќе ви се насмевне и вам, станувате среќни. Како да си помагате и себе и на другите.

3. Почнете да разговарате со некој непознат

Понекогаш сè што ви е потребно за да ви ја оттргне тагата е да почнете да размислувате за нешто сосем друго. Кога ќе започнете разговор со некој тотално непознат, токму тоа ќе ви се случи, бидејќи ќе зборувате за нешто што воопшто не ви е познато. А не е исклучена и можноста дека ќе стекнете нов пријател, а тоа е причина да бидете среќни.

kako-da-si-go-podobrite-raspolozenieto-ako-ste-tazni-4

4. Придржувајте се до обврските

Без разлика колку тажно и нерасположено се чувствувате, не отстапувајте од секојдневните обврски. Ако не можете да постигнете сè, завршете барем дел од нив. На крајот на денот, ако ништо друго барем ќе се чувствувате корисно и без загубен ден, а тоа е една причина за насмевка.

5. Кажете гласно: „Тажен/на сум!“

Понекогаш доволно е нешто гласно да кажете за да излезе од вас. Со тоа им давате глас на вашите чувства. Ако тоа си го кажете на себе или на некој близок е како ослободување од тежината на телото во воздухот.

6. Предизвикајте се!

Ако сте тажни затоа што вашиот живот е монотон и досаден, дајте си предизвик и замислете слика како успевате да го остварите. Тоа ќе ве мотивира за навистина да се активирате и да го остварите.

7. Пуштете си ја вашата омилена музика за расположение и енергија

Ова е особено важно да го направите, бидејќи нема нешто што повеќе ќе го подигне вашето расположение од музиката. Најголемата грешка е што вообичаено кога сте тажни пуштате музика која соодветствува со вашата состојба и со тоа не си помагате. Треба да го направите спротивното, односно да пуштите музика која вообичаено ве расположува. Така, несвесно ќе се расположите.

kako-da-si-go-podobrite-raspolozenieto-ako-ste-tazni-1

8. Пејте и танцувајте дури и ако не можете

Нема да бидете оценувани ниту осудувани за вашиот талент, едноставно опуштете се, пејте и играјте како што знаете. Веднаш ќе се чувствувате подобро.

9. Прошетајте

Свежиот воздух може да направи чуда за вашето расположение. Секој здив е полн со надеж и сила, ве освежува и ви дава сила.

10. Трчајте

Ако не ви е доволна прошетката, подобро почнете да трчате и исфрлете ја целата негативна енергија. Нека излезе сета тага низ вашите пори. Ќе се чувствувате како нови.

Уште 10 совети на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg