Барби и Кен после 200 пластични операции и потрошени милион долари, не се задоволни (фото)

Лудилото продолжува. Американецот од Њујорк Џастин Џедлик и Украинката Валериа Лукјанова со помош на над 200 пластични операции и потрошени речиси милион долари, успеаја да го постигнат изгледот на Кен и Барби, но не и нивната љубов.

barbi-i-ken-posle-200-plasticni-operacii-i-potroseni-milion-dolari-ne-se-zadovolni-foto-01

Кен сè уште не е задоволен од изгледот на Барби.

„Таа е прекрасна, но ми се чини дека поголемиот дел од нејзините трансформации ги прави шминката, периките и корсетите кои прават нејзиниот струк да изгледа толку тенок. Многу трансвестити го прават тоа со години. Не ми е привлечна. Јас постојано изгледам исто, а не знам дали тоа би било случај и со неа без сета таа шминка и облека“. – рекол Кен, кој на своите над 90 пластични операции потрошил повеќе од 100.000 долари.

Бидејќи вежбите не му се омилени, дури и неговите мускули се силиконски, па така неговиот изглед е постојано ист. За разлика од него, Барби и покрај тоа што потрошила околу 800.000 долари, мора постојано да се дотерува.

Можеби ќе направи уште некоја операција со која ќе достигне сума од 1 милион долари, потрошени за пластични операции, можеби и трајна шминка, па и таа постојано да биде иста и да му се допадне на Кен.

До каде ќе оди оваа бизарност и каква порака пренесуваат на младиот свет ќе покажат понатамошните случувања. Дали изгледот на пластични кукли може да ги направи и  вистински среќни?

Погледнете ги живите Барби и Кен во различни изданија со нивните пријатели, на забави, сами и на нивната заедничка средба.

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg