9 кујнски трикови за чист дом

Верувајте дека откако ќе ја откриете моќта на овие 8 кујнски трикови, ќе се ослободите од сите скапи и силни средства кои повеќе ја оштетуваат површината, отколку што ја чистат.

9-kujnski-trikovi-za-cist-dom-01

1. Со бел леб можете, без страв дека ќе ги оштетите, да ја отстраните прашината од сликите изработени со маслени бои. Со парче леб нежно поминете ја површината на сликата, ќе бидете зачудени од резултатот.

2. Темните флеки на садовите од бакар и месинг отстранете ги со кечап. Ставете малку на крпа и истријте го садот. По неколку минути исплакнете со млака вода.

3. Внатрешноста на валканите вазни или шишиња, измијте ги со ориз. Исполнете ¾ од шишето со топла вода, а потоа додајте лажица ориз. Затворете и добро промешајте.

4. Лакираниот дрвен под најдобро ќе го исчистите со мешавина од топла вода и оцет.

5. Чајот ја брише корозијата од градинарскиот алат. Потопете го алатот во црн чај, оставете го да постои неколку часа и избришете го со сува крпа.

6. Трагите од восок од свеќа најлесно ќе ги избришете со памук и глицерин.

7. Алкохолот ги брише флеките од маркери од дрвените површини.

8. На масните флеки ставете им пченкарно брашно и по 15-30 минути исчистете го темелно.

9. Микровалната се чисти сама - една чинија наполнете ја вода и додајте неколку лажички сода бикарбона. Ставете ја чинијата во микровална и вклучете ја на 2 минути. Со крпа само пребришете ја внатрешноста и за помалку од 5 минути повторно ќе имате сјајна микровална.

Би можело да ве интересира:

Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Скриени цркви, чешми - 5 лековити места во Македонија Кога претходно објавивме за лековити места (манастири и цркви), потенциравм...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg