Нова реклама на Coca-Cola: Направете добро дело и израдувајте некого (видео)

Секоја реклама на Coca-Cola ја дочекуваме со радост и воодушевување бидејќи изобилува со генијалност, радост и љубов која навистина се споделува. Ова е уште една потврда за истото.

nova-reklama-na-koka-kola-napravete-dobro-delo-i-izraduvajte-nekogo-video-01

Фантастична реклама за новогодишните и божиќните празници во која нема Дедо Мраз, но го има автоматот на Coca-Cola кој ви овозможува да направите добро дело за другите или за себе.

Во центарот на градот црвениот автомат на Coca-Cola има две копчиња: „Земи си бесплатна Coca-Cola“ или „Направи добро дело“.

Доколку го изберете првото, навистина излегува шише Coca-Cola за вас.

Доколку го изберете второто копче тогаш добивате порака да почекате и да видите како горниот дел на автоматот се отвора и од него излегува црвен балон со хелиум на кој е врзано мало кутивче.

Вистинска магија пред вашите очи.

Овој балон лета и по некое време се спушта на некоја друга страна во градот, каде ќе го фати некое дете, баба, дедо или кој и да е на минување во тој момент. Кога ќе го отвори кутивчето, внатре се наоѓа порака:

„Некој посебен сака да ја сподели радоста со тебе“ и мал подарок, како украс, лампион или привезок.

nova-reklama-na-koka-kola-napravete-dobro-delo-i-izraduvajte-nekogo-video-2

Навистина радоста е споделена. А Coca-Cola тоа го прави на најдобар и уникатен начин.

Погледнете го преубавото видео:

Би можело да ве интересира:

Како да ги изберете вистинските очила (според формата на лицето)? Ако имате овално лице, рамките на очилата треба да бидат широки колку најши...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Кој навистина ја измисли Барби – Жената која сакаше девојчињата да имаат кукли со гради или „разврат... Рут Хендлер и Џек Рајан се двете имиња што се спомнуваат како креатори на Барби....
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
Викторија и Дејвид се шегуваат на своја сметка – Најдобрите реклами за Super Bowl 2024 (видео) Викторија и Дејвид Бекам се шегуваат на своја сметка со реклама инспирирана од в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg