8 начини да го сопрете непријатното икање

Дали ви се случило некогаш, без никаква причина да почнете да икате без да можете да престанете? И баш кога ќе мислите дека се поминало и таман сте заборавите на непријатноста, икањето повторно се враќа...

8-nacini-da-go-soprete-neprijatnoto-ikanje-01

За оваа битка со икањето да не ви се чини изгубена, имаме 8 едноставни совети кои ќе ви помогнат инстантно.

1. Притиснете ја едната дланка со палецот од другата рака, што посилно можете. Непријатната болка делува на нервниот систем, така што икањето станува минато.

2. Длабоко дишење и држете го воздухот. Ова е една од најпрочуените методи, но ако сепак ви се чини чудна и неверојатна, еве мало објаснување за начинот на кој ви помага - задржувањето на воздухот предизвикува собирање на јаглерод диоксид, кој предизвикува опуштање на дијафрагмата.

3. Или пак, исплазете го јазикот и гласно дишете, баш како кутре. И овој начин на дишење ви помага да го спречите грчењето на дијафрагмата.

4. Испијте околу 10 мали голтки вода, колку побрзо можете. Кога голтате течност, ритмичките контракции може да ги надвладеат грчењата на дијафрагмата.

5. Ако пак ги затнете ушите или ставите прст на жилите зад увото и пиете низ цевка, резултатот ќе биде уште подобар.

6. Измешајте лажица шеќер и мед, ставете ја во уста и проголтајте ја со вода. Природен и ефикасен лек.

7. Исечкајте лимон и грицкајте го. Киселината предизвикува одредени контракции во устата и брзо ќе ви помогне да ги надминете оние во дијафрагмата.

8. Лажица сладолед или некој чоколаден детски намаз исто така би требало да ја ублажи ситуацијата.

Би можело да ве интересира:

7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg