Ја знаете ли легендата за откривањето на кафето?

Наутро не можеме без него, а попладневните часови секогаш ги поминуваме со пријателите или семејството заедно со чаша кафе. И факт е дека многу бракови и врски започнале токму со познатата реченица ‘Ајде на кафе’.

ja-znaete-li-legendata-za-otkrivanjeto-na-kafeto-1

Горко или заследено, уживаме во секој момент поминат со овој топол или ладен напиток, без разлика дали станува збор за капучино, макијато, црно и уште многу други видови на кафиња .

Но дали знаете од каде точно доаѓа кафето, и која е неговата историја? Ја знаете ли легендата за Калди?

Бидејќи сепак, се работи за легенда, во која можеби се крие и големата вистина за овој волшебен пијалок, со сигурност не би можеле да го потврдиме овој факт.

Според легендата, главниот виновник за откривањето на кафето бил човекот по име Калди.

Калди, бил козар од етиопските планински предели и според легендата, пасејќи ги своите кози во планините го открил кафето.

Тоа се случило, откога козите консумирале од дрво за кое тој не знаел дека е кафе, и козите, како што велел тој, станале чудесно разиграни и не спиеле цела ноќ.

Своето откритие, Калди го набрал и однел на игуменот на манастирот. Тие направиле напиток од набраните плодови и забележале дека монасите кои се напиле, будно и концетрирано ги прателе вечерните молитви.

Овој напиток за кратко време започнува да го зафаќа Арапскиот Полуостров и од таму започнува кафената револуција.

Доколку веруваме во оваа легенда, тоа значи дека благодарение на козарот Калди, кафето е распространето насекаде низ Светот и денеска го имаме во нашите домови.

Денес кафето се одгледува во многу земји ширум светот. Без разлика дали станува збор за плантажите во Азија, Африка, Централна или Јужна Америка, на островите на Пацификот или на Карибите според оваа легенда, сите можат да се наречат себеси наследници на дрвјата од античкото кафе во етиописките предели.

Да се напиеме по едно кафе?

ja-znaete-li-legendata-za-otkrivanjeto-na-kafeto-2

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg