Денот кога станав маж...

Не, не зборувам за буквална промена на полот, ќе морам да ве разочарам. Зборувам за онаа промена која те тера да ги стиснеш забите додека не почувствуваш физичка болка од која полека минува онаа внатрешната, посилната.

denot-koga-stanav-maz-01

Не знам и никогаш не научив зошто токму мажите се синоним за храброст и сила, но ете, ќе се водам по тоа правило.

Кревка, навидум ретко емотивната девојка, денес стана маж. Маж каков никој до сега немаше сретнато, ниту некогаш ќе сретне.

Од денес мојот ум е во потполност несогласен со моето тело. Можеби ми фали некој сантиметар плус за да можам да се наречам маж, но и тоа не ме спречува.

Животот ми приреди сè што можеше во најкраток можен рок. И не знам зошто, но ме одбра токму мене. Ете, и со тоа полека се помирив.

И знаете што? Не ме уништи. Да, ме промени, но не ме уништи.

Научив сè да одвлечам во своја корист. Кога животот посакува да слушне „Што ќе правам сега?“ му контрирам со „Како најдобро да го изведам ова...“

Научив како да бидам своја понежна и посилна половина. Наместо солзи, полека учам да пуштам остри канџи.

Конечно научив и да си ги контролирам емоциите. Ги надминав оние женски моменти - плач и смеа во едно. Сега сè е едноставно - постои само грутка во грлото која ја враќам со силно притискање на забите.

Дури успеав и да го совладам стравот од неуспех, покрај милион избројани. Поточно, за мене моментално не постои неуспех, постојат само луѓе кои се упорни.

И не го научив сè ова преку ноќ, започнав полека. Од еден човек, преку една случка, до една трагедија. Баш како и вие. Само што јас ја протолкував поинаку. Сега сум маж!

Маж кој без проблем ја провлекува голтката горчливо виски низ усните со црвен кармин, без да направи ниту една единствена гримаса.

А вие, кога ќе зајакнете?

denot-koga-stanav-maz-02

Автор: М.Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Морничави нерешени мистерии од реалноста кои ќе ве држат будни навечер Во 2019-та, Американката Ели Грин дознала дека мајка ѝ починала во психијатриска...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg