Интересни обичаи на љубовните состаноци ширум светот

За многу нешта во различни земји и култури има различни интересни, смешни и чудни обичаи. Ако за нас е нормално состанокот со некој кој ни се допаѓа да биде на кафе или прошетка без премногу церемонии и обичаи, во некои земји тоа е посебен чин.

smesni-obicai-na-ljubovnite-sostanoci-sirum-svetot-01

Ова се дел од најинтересните и најчудните обичаи:

1. Јапонија

Во Јапонија не постои намерен состанок и главна цел е бракот. Покрај тоа, во повеќето земји луѓето одат на состанок уште во средно училиште, додека во Јапонија обичајот е дури на факултет. Најсмешно е тоа што на Денот на вљубените, девојките мора да им купат на момците бело чоколадо, а момците не купуваат ништо. Еден месец подоцна го слават „Белиот ден“ кога момчето кое добило бело чоколадо мора на истата девојка да ѝ подари двојно повеќе чоколадо. Но, тоа го подарува само доколку навистина му се допаѓа девојката, а таа мора да чека цел месец за тоа да го дознае.

smesni-obicai-na-ljubovnite-sostanoci-sirum-svetot-1
2. Холандија

Додека во многу земји има список на познати правила кога се во прашање состаноците, Холандија е буквално ослободена од сето тоа. Во оваа земја не е важно дали момчето ја кани девојката за да излезат или обратно. Уште на првиот состанок дозволено е да се случи сè, па дури и девојката да го праша момчето за да се ожени со неа.

smesni-obicai-na-ljubovnite-sostanoci-sirum-svetot-2


3. Иран

Во Иран браковите обично се договорени од страна на родителите кои си ги претставуваат децата за време на пиењето кафе. Ако родителите се сакаат и се сложуваат меѓусебно дека децата можат да се грижат еден за друг, тогаш тие деца стапуваат во брак. Додека не се венчани не смеат да излегуваат, да се држат за раце или да водат љубов.

smesni-obicai-na-ljubovnite-sostanoci-sirum-svetot-3


4. Јужна Кореја

Слично е како и во Јапонија, овде излегувањето на состанок се поврзува со времето на факултетот. Во Јужна Кореја момчето  е практично слуга на девојката, што дури и торбата или чантата треба да ѝ ја носи и да прави сè што треба за да ја усреќи. Но, кога таа ќе се омажи за него, улогите се менуваат и мажот очекува жената да биде традиционална, да готви и да се грижи за децата.

smesni-obicai-na-ljubovnite-sostanoci-sirum-svetot-4


5. Франција

Французите мора да бидат сон на секоја жена. Во повеќето земји жените седат и чекаат порака од мажите, а во Франција, мажите сами сакаат да пишуваат. Тие веднаш се јавуваат и првиот состанок го сметаат за почеток на врската. Ќе ви зборуваат дека сте најубава жена во светот, испраќаат цвеќиња и постојано повторуваат колку ве сакаат. Но, и тие се традиционални и не забораваат дека жените треба да ги извршуваат домашните обврски. Не е чудно и да имаат по неколку љубовници истовремено.

smesni-obicai-na-ljubovnite-sostanoci-sirum-svetot-5


6. Бразил

Кога ќе влезете во некој клуб во Бразил ќе видите парови кои се бакнуваат во секој агол. Вообичаено е дека уште на првиот состанок се бакнуваат бидејќи сметаат дека на тој начин се запознаваат меѓусебно. Покрај тоа веруваат дека можат да заштедат време, бидејќи првиот бакнеж е најважен. Од Бразилецот се очекува да ѝ пријде на девојката, а Бразилките сакаат да слушнат од мажот нешто како: „Би требало да бидеме заедно, за да можеш да ми подготвуваш вечера“. За жените тоа е знак за мажественост и им покажува дека токму тоа го сакаат од нив.

smesni-obicai-na-ljubovnite-sostanoci-sirum-svetot-6


7. Италија

Во Италија мажите бараат жени кои имаат физичка убавина и кои може да ги извршуваат сите домашни работи. Жените, пак, бараат маж кој ќе им обезбеди финансиска стабилност.

smesni-obicai-na-ljubovnite-sostanoci-sirum-svetot-7

Би можело да ве интересира:

Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg