Совети од вашата баба кои можеби не треба да ги послушате

Сигурно сте биле во ситуација кога вашата баба ви давала совети за вашиот љубовен живот.

soveti-od-vasata-baba-koi-mozebi-ne-treba-da-gi-poslusate-1

Знаеме дека нашите баби секогаш го мислат најдоброто за вас, но ова се нивните најлоши совети кои дефинитивно никако не треба да ги послушате.

Нема да се омажиш ако не знаеш да готвиш – готвењето е најважната работа во бракот. Никој не сака да се ожени со девојка што не знае да готви.

Целосна невистина. Може да научите да готвите и кога ќе се омажите.

Мажите не ги привлекуваат жени со цврст картактер – треба да бидеш мирна и повлечена. Немој да покажуваш дека знаеш нешто, прави се наивна.

Лош совет кој не треба да се послуша. Мажите можеби зборуваат дека сакаат мирни девојки, но во суштина се заинтересирани за оние со цврст карактер кои знаат што сакаат и знаат како да се изборат за себе во секоја ситуација.

Остани со него до крај, без разлика на сè – па што ако се расправате секој ден, те малтретира физички и има афера со секретарката на работа. Најважно е што ќе зборуваат комшиите зади грб, зато остани со него до крај.

Најлош совет кој една баба може да и го даде на нејзината внука. Никој не заслужува мизерен живот исполнет со расправии, нервози а згора на тоа и неверство.

najlosite-soveti-od-vasata-baba-koi-ne-treba-da-gi-poslusate-2

До 25 години мора да се омажиш и да родиш деца – во спротивно ќе останеш стара мома.

Стар, безвреден и невистинит совет кој никоја девојка не смее да го послуша. Секоја девојка треба да се омажи кога ќе биде сигурна дека го сака тоа со вистинското момче.

Мажот е тој што заработува пари во домот – девојката треба да чисти, готви, пере и да стане фабрика за правење на бебиња. Мажот е тој што треба да оди на работа и да го храни семејството.

Избледнат совет кој ниедна жена не го почитува и тоа е во ред. Секоја жена треба да знае да заработува и да не зависи од никого, без разлика дали е во брак или не.

Не оди на одмор без твојот сопруг – ќе зборуваат лошо за тебе. Па што ако зборуваат?

Доколку сакате да се забавувате со вашето друштво без вашиот сопруг, не двоумете се да заминете со вашите пријатели на одмор ова лето. Луѓето посекако ќе зборуваат што сакаат.

Се согласувате? Имате нешто да додадете? Слободно споделете со нас во коментарите.

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg