Рацете ви го откриваат карактерот: Какви се вашите - студени или топли?

Дали се работи за личност со топло срце или студена внатрешност, можете да утврдите за помалку од секунда. Сè што треба да направите е да ја допрете нејзината рака.

racete-vi-go-otkrivaat-karakterot-studeni-se-ili-topli-01

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги греат и ладат рацете. Притоа, требало да завршат одредени задачи во пар.

Задачите биле прилично тешки, па испитаниците имале право да одлучат дали ќе се потрудат да остварат комуникација со одредената личност или ќе се повлечат во себе.

Се покажало дека луѓето биле подготвени да ја завршат задачата само кога рацете им биле топли.

Па така, конечните карактеристики за оние со топли раце се срдечноста, соработката и љубезноста, додека за оние со студени раце важи спротивното - тие се личности со камено срце.

Професорот Ленс Воркмен кој работел на ова истражување, открива: Постојат докази дека во текот на еволуцијата на нашиот мозок центрите за физичко чувство на топлина влијаат и на меѓучовечките односи. Кога некој ќе каже дека е „загреан за некоја личност,“ тоа треба да го разбере сериозно, затоа што со зајакнатите позитивни чувства расте и телесната топлина.

За жал, овој податок многу вешто го користат маркетинг агенциите кои на купувачите им нудат бесплатно кафе или чај, знаејќи дека ќе бидат подготвени да потрошат повеќе пари на роба која не им е потребна.

Но, ако сакате да стекнете нови пријателства, да ги омекнете своите колеги или имате желба за романтика со вашиот партнер, доволно е да понудите една шолја топол пијалак.

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg