Бидете свој најдобар пријател

bidete-svoj-najdobar-prijatel-1

Во животот ќе запознаете и сретнете илјадници луѓе и со текот на времето е навистина тешко да идентификувате кој од сите нив е ваш вистински пријател.

Луѓето заедно со времето се менуваат и за оние кои сте очекувале дека секогаш ќе бидат покрај вас може да исчезнат при првата бура во вашиот живот.

Без разлика каде ќе ве одведе животот, најважно е да бидете пријатели самите со себе.

Никој друг не може да ви наштети онолку колку што можете вие самите да си нанесете штета. Потрудете се да станете добар пријател со самите себе, а ние ќе ви помогнеме како да го постигнете тоа. 

1. Самодоверба - Секогаш мора да имате самодоверба и да се полните со позитивна енергија. Размислувајте на работите позитивно и гледајте на себе како на одлична и задоволна личност, па токму такви и ќе бидете. 

bidete-svoj-najdobar-prijatel-2

2. Самотија - Уживајте во самотијата и поминувајте време сами, тоа не значи дека треба да се изолирате од светот. Сепак, можете на пауза од работа да седнете сами во кафуле, да заборавите на вашиот смарт телефон и буквално да се фокусирате на себе. 

3. Инстикт - Следете го вашиот инстикт и не обрнувајте премногу внимание на она што ви говорат останатите. Вие најдобро знаете што е добро за вас. 

4. Заземете став - Не мора никој да стои зад вас, вие самите можете да се изборите за вашите животни цели. Доколку немате подршка за одредена работа, не значи дека треба да се откажете од истата. 

5. Совети - Не секогаш ви требаат совети од пријателите, зошто еднаш не тргнете според сопствениот совет? Заборавете на останатите совети и размислете што навистина сакате и што си советувате. Никогаш не ги потценувајте сопствените способности. 

Секогаш бидете задоволни и среќни со своите успеси, секако бидете и критични. Никој нема да се осмели да ви ја каже вистината в лице, освен вие самите.

Дали сте вие свој најдобар пријател и како го постигнувате тоа?

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg