Не дозволувајте да ве победи дождот: Трикови за подобро расположение

Додека надвор со денови не престанува да врне и постојано се жалите како е облачно, досадно и сиво, време е да се спротивставите на депресијата и да си го подобрите расположението.

ne-dozvoluvajte-da-ve-pobedi-dozdot-trikovi-za-podobro-raspolozenie-01

Колку повеќе си дозволувате да се чувствувате тажно и депресивно, толку повеќе имате изгубено време. Ако не можеме да ги промениме временските услови, може да си ги промениме навиките и сами да направиме да се чувствуваме подобро.

Запалете ги светлата

Една од причините поради која сме нерасположени за време на дождливите денови е тоа што облаците ја попречуваат сончевата светлина, која природно го подигнува расположението. Без него нашите ум и тело може да се чувствуваат забавено. Со палењето на светлата може да се изборите против негативното влијание. Обичните сијалици се поефикасни од флуросцентните, а во продавниците може да се најдат и сијалици кои се еднакви или ја имитираат сончевата светлина. Тие се најефикасни кога треба да си го подобрите расположението.

Планински чај

Планинскиот чај со својот неодолив мирис е прастар лек за депресија. Штом го вкусите и ја почувствувате неговата топлина како минува низ вашето тело, насмевката и пријатното расположение ќе бидат неизбежни. Уште ако го засладите со мед, уживањето ви е гарантирано.

ne-dozvoluvajte-da-ve-pobedi-dozdot-trikovi-za-podobro-raspolozenie-1

Останете активни

Вежбањето ослободува хемикалии во мозокот кои го подобруваат расположението. Иако поради дождот главно остануваме дома, постојат многу начини на кои можеме да го стимулираме мозокот да ги ослободува овие „среќни хемикалии“. Неколку пати одете по скали или скокајте во место. Пуштете си ја омилената музика гласно и скокајте. Исчистете си ја собата или  целиот дом. Секое движење може да ви го подобри расположението.

Хранете се правилно

Воздржете се од консумирање брза храна за време на дождливите денови, бидејќи таа не му ги обезбедува потребните хранливи и енергетски состојки на телото. Дури може и да ви го влоши расположението, иако ви изгледа привлечно и мислите дека би ве направила посреќни. Задоволството може да трае само до првите неколку залаци, но потоа ќе треба да ги издржите тешкотиите до крајот на денот.

Консумирањето на што повеќе протеини и интегрални житарки, но не ги заборавајте ниту витамините. Избегнувајте ги слатките и кафето колку што можете, бидејќи иако повремено ви го подобруваат расположението, кога организмот ќе го исфрли шеќерот и кофеинот, најверојатно ќе се спуштите и вашето расположение ќе биде полошо од претходно.

Повикајте пријатели

Дружењето може да ви изгледа како последна работа што сакате да ја направите кога сте нерасположени, но тоа е  еден од најдобрите начини  да се избориме со негативните чувства . Повикајте пријатели со кои долго не сте се виделе ниту слушнале или барем излезете до некоја продавница.

Депресијата прави да се оддалечиме од другите луѓе иако контактите се најдобар начин за таа да се победи. Дури и ако повикот трае само 5 минути, поврзувањето со друга личност може да биде решение за вашето нерасположение.

ne-dozvoluvajte-da-ve-pobedi-dozdot-trikovi-za-podobro-raspolozenie-3

Би можело да ве интересира:

7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Ако некој се смее премногу - осамен ѐ: Психолошки состојби кои треба да ги препознаете Ако забележите дека некој спие повеќе од нормалното, прашајте го дали го мачи не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg