Најтешките работи направете ги денес!

Мора да ги направите тешките работи. Оние за кои ретко кој има храброст. Работите кои ве плашат, работите кои ве тераат да се запрашате уште колку долго ќе издржите.

najteskite-raboti-napravete-gi-denes-01

Тие се нештата кои ве дефинираат. Тие се работите кои ја прават разликата помеѓу просечниот и успешниот живот.

Тешките работи се најлесни за избегнување, но затоа денес застанете храбро сами пред себе и прво направете ги токму нив. Ќе бидете зачудени колку прекрасни може да бидат!

1. Направете го повикот кој го одложувате заради тоа што сте исплашени.

2. Станете порано отколку што сакавте.

3. Давајте многу повеќе отколку што очекувате да добиете.

4. Грижете се многу повеќе од другите.

5. Борете се дури и кога сте повредени и раскрвавени во душата.

6. Чувствувајте малку страв и несигурност дури и кога сте убедени дека го правите најпаметниот избор.

7. Научете се да водите и покрај тоа што сè уште никој не стои зад вас.

8. Истакнете ги деталите кои се најлесни за премолчување.

9. Задолжително остварете ги целите тогаш кога можете да смислите најлесен изговор во кој сите ќе поверуваат.

10. Пребарајте ги сите можни објаснувања, дури и кога фактите се премногу точни и прецизни.

11. Правете грешки и понекогаш изгледајте несигурно.

12. Обидувајте се, паѓајте и повторно станувајте.

13. Во моментите кога мислите дека го загубивте и последниот здив - трчајте уште побрзо.

14. Престанете да бидете љубезни кон оние кои се груби кон вас.

15. Продолжете да се движите нанапред, без оглед на тоа што има пред вас.

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...
Како да им дадете „втор живот“ на старите перници? Ако имате куче или маче, старите перници може да ги искористите да направите одл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg