Брзи трикови за чисти, бели патики

Кога сонцето ќе излезе и температурите ќе се накачат, преферираме лесна облека и светли тонови. Но, како да ги сочуваме омилените бели патики - кристално бели?

brzi-trikovi-za-cisti-beli-patiki-01

Еве неколку трикови со чија помош оваа пролет повторно ќе уживате во белите патики и балетанки.

Машинско перење

Најчесто платнените патики може да се исперат во машина, но секогаш проверувајте го упатството. Ако одлучите дека е безбедно машинското перење, најпрво извадете ги врвките и перете ги со некои стари пешкири или крпи. Старите крпи и пешкири ќе ги ублажат ударите во машината. Вклучете ја машината на ниска температура и ставете малку детергент.

Посигурен начин на перење

Платнените патики можете да ги исчистите и рачно, а овие неколку процеси може да ви го олеснат процесот. Сепак, имајте на ум дека темелното триење е неизбежно.

Во чистењето може да ви помогне сода бикарбоната, оцетот и топлата вода. Измешајте 1 лажица сода бикарбона, оцет и вода додека не добиете густа паста. Може да додадете и неколку капки избелувач.

Оваа паста никако не ја користете за обувки во боја.

Повторно тргнете ги врвките од патиките, па исплакнете ги со топла вода. Нанесете ја пастата, тријте внимателно со стара четка за заби и оставете ги потопени во топла вода неколку часа. Потоа измијте си го течен детергент и исплакнете ги неколку пати.

Оставете ги да се исцедат и исушат на сонце.

Кисело млеко

Патиките и балетанките може да ги потопите неколку часа во кисело млеко, а потоа темелно исплакнете ги. Исто така можете да додадете и малку оцет.

Гумени ѓонови

На гумените делови од патиките не би требало да користите силни избелувачи затоа што ризикувате да ги оштетите. Гумата подобро истријте ја со паста за заби или ацетон.

Би можело да ве интересира:

Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg