Во ова време треба да го пиете вашето кафе

Ако често ви се случува да го испиете утринското кафе, а да не го почувствувате неговото дејство, главна улога во вашето кофеинско будење игра времето во кое го консумирате.

vo-ova-vreme-treba-da-go-piete-vaseto-kafe-01.jpg

Кога се работи за консумирање на кафето, посебно внимание треба да посветите на нивото на кортизол - хормонот кој се поврзува со стресот и брзината на нашите ментални реакции и перцепции.

Колку повеќе кортизол има во нашето тело, толку помало е дејството на кофеинот. Што значи, ако испиете шолја кафе кога сте веќе будни, нема да го извлечете максимумот од овој пијалак. Затоа, научете да го темпирате испивањето на кафето.

Нивото на кортизол е највисоко помеѓу 8 и 9 часот наутро, 12 и 13 на пладне и помеѓу 17:30 и 18:30 попладне.

Ако сакате утринско кафе, најефикасно ќе биде ако во него уживате помеѓу 9:30 и 11:30, кога нивото на кортизол е најниско.

Ако пак ве интересира еден термин кој е најпогоден за шолја кафе, тогаш тоа е 14 часот и 16 минути. Но, ова време е утврдено според истражувањето кое покажало дека токму тогаш вработените луѓе се најизморени.

За максимално да го искористите дејството на кафето, научниците препорачуваат кратко 15-минутно дремнување по секоја испиена шолја кафе. Колку и да ви звучи контрадикторно, експериментално е докажано дека хемикалијата која не тера да се чувствуваме поспани најлесно се уништува со кафе и 15-минутен сон. Само така ќе останете будни подолго.

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg