Рок на употреба: Разликата помеѓу ознаките „употребливо до...“ и „најдобро употребливо до...“

Голем број на потрошувачи ширум светот не се свесни за разликата помеѓу ознаките „употребливо до...“ и „најдобро употребливо до...“ па заради оваа грешка поголемо количество на храна завршува во кантата за ѓубре.

rok-na-upotreba-razlikata-pomegu-oznakite-upotreblivo-do-i-najdobro-upotreblivo-do-01.jpg

Што значи „употребливо до...“ ?

Тоа ја означува датата до која храната може безбедно да се користи. По датумот означен на амбалажата, не смеете да ја консумирате храната.

Замрзнатото месо, замрзнатите месни преработки и замрзнатите непреработени рибји производи задолжително треба да имаат „замрзнато“ пред овој датум.

Доколку ова зборче е изоставено, тие производи го прекршуваат правилникот и подобро би било да ги избегнувате.

Откако датумот ќе помине, задолжително фрлете ги овие намирници.

Што значи „најдобро употребливо до...“ ?

Со оваа ознака производителите го означуваат датумот до кога храната го задржува основниот квалитет, по кој и понатаму е безбедна за користење. Но, во овој случај амбалажата мора да е неоштетена, затоа што влагата и воздухот може значително да го променат рокот на истекување.

По датумот означен со најдобро употребливо до, храната го губи квалитетот односно вкусот и текстурата.

На овој начин најчесто се означени разладените, смрзнати и сушени производи, како и конзервираните намирници.

Откако датумот ќе помине, овие намирници може да се користат доколку се соодветно чувани и неотворени. Всушност, тоа е главната разлика.

Би можело да ве интересира:

4 трикови со кои ќе си ја зголемите продуктивноста без многу напор Зошто да ги помните информациите кога можете да ги запишете во планер или како п...
Како учтиво да ја вратите нарачката во ресторан (и кога не е во ред да барате нов оброк)? Доколку ви ја згрешат нарачката или ви стават состојка која сте нагласиле дека н...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
Грешки што сите ги правиме во супермаркет (и непотребно трошиме повеќе пари) Секој ден одите во продавница, наместо да испазарите за цела недела однапред и к...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...
7 идеи што да им подарите на луѓето што не можат да си го замислат денот без кафе Од мелница за кафе, до термос за кафе... Постојат повеќе идеи за тоа што би може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg