4 трикови со кои ќе си ја зголемите продуктивноста без многу напор

Зошто да ги помните информациите кога можете да ги запишете во планер или како потсетник на телефонот? Што друго ќе ви помогне да ја зголемите вашата продуктивност, без многу труд?

4-trikovi-so-koi-kje-si-ja-zgolemite-produktivnosta-bez-mnogu-napor-01.jpg

Веројатно сте имале можност да прочитате многу написи на темата - организација на животот и работата.

Бидејќи секој ден се соочуваме со предизвици и дилеми од различна природа, советите што ги добиваме можат многу да ни помогнат.

Понекогаш сè што е потребно е да ја правиме истата работа на малку поразличен, но поефикасен начин.

Овие трикови ќе помогнат во тоа:

Замислете дека сте некој друг

Наместо да прескокнете некоја задача што не сакате да ја завршите во тој момент, замислете дека сте некој друг кој ја завршува таа работа.

Звучи чудно, но овој трик навистина може да ви помогне да се натерате да направите нешто кога немате никаква волја за тоа.

Користете потсетници

Зошто да ги помните информациите кога можете да ги запишете во планер или како потсетник на телефонот? Не значи дека инаку би заборавиле да ги направите овие работи, но на мозокот му е потребен одмор.

Затоа, секогаш кога имате можност, седнете и направете список на дневни активности и долгорочни цели што сакате да ги постигнете.

Ovie-nekolku-trikovi-ke-vi-go-poednostavat-zivotot-02.jpg

Создајте дневна рутина

Не функционираме сите на ист начин - има луѓе кои имаат подобра концентрација наутро, додека на некои им е полесно да работат навечер.

Во зависност од вашите потреби, создајте рутина што ќе ја следите секој ден. Со текот на времето, рутината ќе ви стане навика, па без проблем ќе ги извршувате најосновните работи. 

Намалете го изборот

Голем избор не значи и поедноставен живот, затоа што честопати трошиме многу време и енергија на тоа. Затоа, планирајте однапред.

На пример, подгответе ја гардеробата за вашиот работен ден во недела и ставете ја на предвиденото место. Кога станува збор за оброците, направете неделно мени до кое ќе се придржувате.

Кога ќе го намалите изборот, нема да трошите многу време во двоумење и вашата продуктивност значително ќе се подобри. 

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
Како да им дадете „втор живот“ на старите перници? Ако имате куче или маче, старите перници може да ги искористите да направите одл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg