Уринирате во морето кога сте на летен одмор? Продолжете да го правите тоа!

Ако до сега се чувствувавте виновни секојпат кога уриниравте во морето, веќе немате потреба за тоа. Научниците кажуваат дека тоа е сосема во ред. Не само што уринирањето во море или океан е безопасно, туку е и корисно за морскиот свет.

urinirate-vo-moreto-koga-ste-na-leten-odmor-prodolzete-da-go-pravite-toa-01

Иако телото исфрла урина за да се ослободи од некои непотребни хемиски супстанци, тоа не значи дека е штетна. Поточно, составот на урината и морската вода не се разликува премногу.

Таа се состои од 95 % вода, а во себе содржи и јони на натриум и хлорид. Морската вода исто така во својот состав има натриум и хлорид, само со поголема концентрација. Двете течности во себе содржат и калиум.

Кога урината излегува од телото исто така е стерилна. Дури кога ќе го напушти телото почнува да привлекува милион бактерии, но ништо од тоа нема да внесе во водата.

Научниците тврдат дека дури и кога сите жители на Земјата би уринирале во морската вода истовремено, не би настанала никаква штета.

Урината сама по себе е безопасна, а уште кога ќе се помеша со морската вода станува безначајна. Постојат многу повеќе штетни работи во морињата и океаните од нашата урина.

Неодамнешното истражување покажало дека дури 62 % од капачите уринираат во морето, но количината на самата урина која се испушта е многу мала, па колку и да се чини многу и колку и да се полни плажите со туристи кои уринираат во морето, не можат да предизвикаат поголема штета.

Но, во морето не уринираат само луѓето, туку и животните кои живеат во него, па така само еден кит дневно во водата испушта 970 литри урина.

Научниците, сепак апелираат да не уринирате во заштитените подрачја, базените и малите езера бидејќи тоа може да доведе до здравствени проблеми.

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg