6 работи во животот кои немаат цена

Овој пат нема да ја споменуваме љубовта, бидејќи сите знаеме дека таа е на врвот на работи кои не може да ги купиме со пари.

6-raboti-vo-zivotot-koi-nemaat-cena-1

Што посакува човек кога е болен? Посакува само да оздрави, ништо друго, нели?

Продолжете со читање и дознајте кои се останатите работи кои немаат материјална вредност, а сепак се многу скапоцени.

Време

Времето не се купува. Секоја измината секунда од нашиот живот никогаш повеќе нема да се врати, а парите не се гаранција дека ви претстојат уште многу нови изминати секунди. Наместо да се трудите да го подмладите лицето и телото со хируршки зафати кои чинат многу, пробајте да го подмладите духот со возбудливи моменти и среќни денови.

Здравје

Како што веќе напоменавме, еден болен човек во таа состојба единствено размислува како да си го поврати здравјето. Ова е уште еден доказ дека парите се потрошен материјал, а здравјето нематеријална компонента која не вреди да ја жртвувате поради работата и исцрпувачко тежнеење кон големо богатство.

Сон

Сонот кој секоја вечер бега од вас, нема да се врати кога ќе забележи дека џебот ви е полн. Внимавајте како го полните џебот, бидејќи чистата совест е најудобната перница на светот, а вие не сакате цел живот да бидете хронично ненаспани, нели?

Талент

Многу луѓе успеваат да ги остварат желбите на различно поле за кои немаат талент со помош на пари, но тоа трае кратко сè додека не се открие нивниот недостаток во тој поглед.

Парите никогаш нема да ви купат глас, напишана книга диктирана од вашето срце, успешен бизнис или пак цртеж нацртан со ваша рака. Откријте го вашиот вистински талент и престанете да го плаќате талентот за кој што не сте родени.

Семејство

Парите може да ви купат дом, но не и семејство. Смешно би било да платите некој да глуми ваш сопруг, дете, брат или родител.

Семејството е една од најважните работи кои парите не можат да ви ги овозможат. Одат рака под рака со љубовта бидејќи таа е онаа компонента која го држи семејството заедно, а не парите.

6-raboti-vo-zivotot-koi-nemaat-cena-2

Стил

Без разлика колку пари носите во џебот кога влегувате во трговски центар, доколку немате вкус и сопствен стил, вие ќе ги одберете најлошите модни парчиња кои уште полошо ќе ги искомбинирате. Модата се купува, но стилот не.

Што друго според вас не се купува со пари?

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg