Приказна која го воодушеви светот: Бездомник ѝ ги дал сите пари за такси, а таа му возвратила на прекрасен начин

Несебичниот гест на бездомникот Роби од Престон, кој на студентката и ги понудил последните 3 фунти за да стигне безбедно дома, стана нова тема за воодушевување.

prikazna-koja-go-voodusevi-svetot-bezdomnik-i-gi-dal-site-pari-za-taksi-a-taa-mu-vozvratila-na-prekrasen-nacin-1.jpg

Студентката Доминик Харисон Бентзен на 4-ти декември била излезена со пријателите, но нешто подоцна сфатила дека ја изгубила картичката на која и биле парите.

Немала пари во себе ниту да си го плати таксито до дома.

Во тој момент и пришол бездомникот Роби и инсистирал да ги земе неговите 3 фунти кои ги заработил тој ден.

Иако Доминик не ја прифатила помошта, останала трогната од добродушноста на непознатиот странец, па решила да му помогне.

Кога приказната малку се проширила низ нејзиното друштво, таа сосема случајно открила дека не е единствената на која сакал да и помогне.

Истиот бездомник Роби до сега неколку пати ги враќал изгубените паричници и на случајните минувачи им го нудел својот шал за да ги стопли.

Тогаш Доминик тргнала во хумантирана акција, затоа што сфатила дека Роби заслужува помош. Преку ширење на приказната по социјалните мрежи успеала да собере повеќе од 10.000 фунти, со кои му се оддолжила и заблагодарила на Роби за добрината.

- Божиќ е идеално време да размислиме за другите околу нас, а не само за себе, вели Доминик.

Би можело да ве интересира:

10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg