Супер трикови за супер расположение

Сите понекогаш се чувствуваме демотивирани, недоволно успешни, депресивни, но секогаш може да го промениме расположението и да се чувствуваме повторно супер.

super-trikovi-za-super-raspolozenie-1

 Тука се овие супер смешни трикови кои гарантирано ќе ви помогнат расположението од лошо да го претворите во супер.

- Измијте ги забите, лицето и рацете, веднаш ќе се почувствувате чисти и свежи, полни со енергија.

- Сменете ги чорапите, понекогаш помага за подобро расположение.

- Разговарајте со сосед на постари години, таквите секогаш ќе ве расположат со приказните од нивно време.

- Истегнете се, направете неколку вежби и активирајте го телото, со тоа ќе го активирате мозокот автоматски, а и да не се активира денес не е ништо страшно.

- Прошетајте низ вашата улица или во блискиот парк, сами!

- Облечете се како да ќе го видите вашиот најлош непријател, чувствувајте се совршено и удобно во своја кожа.

- Пуштете ја омилената музика и внесете се во неа целосно, пејте на глас!

- Погледнете мотивационо видео или читајте книга што ве инспирира и мотивира.

- Смејте се се додека не ве заболи стомакот, без разлика дали ви се смее во моментот, потсетете се на некој виц, шега на ваша сметка или последна случка која ве насмеала до солзи.

- Дишете длабоко, смирено...

- Издувајте го носот, понекогаш помага исто како менувањето на чорапите.

- Згответе си го омиленото јадење или направете си кафе, точење на омилениот алкохол не е исклучок.

- Бегајте од вампирите кои ја цицаат вашата позитивна енергија, трпение и што уште не.

- Завршете ги ситните работи кои ги одложувате секој ден како на пример средување на орманот, одење на фризер, сечење на ноктите, перење на долната облека, мастурбирање...

- Потсетете се на вашиот последен успех кој ви го исполнил срцето и предизвикал искрена насмевка со солзи радосници на вашето лице.

- Разгледајте ги фотографиите од  бившите, сигурно убаво ќе се насмеете кога ќе ви текне со кој сте биле во врска.

- Ако се сомневате во своите таленти и тоа влијае врз вашето расположение, само потсетете се на Ким Кардашијан, кога таа успеала, сигурно ќе успеете и вие.

- Прочитајте ги триковите неколку пати, сигурно некои од нив веќе измамиле насмевка на вашето лице!

Би можело да ве интересира:

„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната дев...
7 ситници за кои гостите ќе ви замерат (но нема да ви ги кажат во лице) За влакната од милениците на мебелот, за тоа што ги „криете“ од нив слатките кои...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg