Зошто женските кошули имаат копчиња на левата, а машките на десната страна?

Постојат неколку теории за тоа зошто се разликуваат страните на кои се зашиени копчињата на женските и машките кошули. Ниедна не е со сигурност оправдана и прифатена, сите имаат свои недостатоци, но сепак потекнуваат од ист период, првата половина на 19. век.

zosto-zenskite-kosuli-imaat-kopcinja-na-levata-a-maskite-na-desnata-strana-01.jpg

Една од теориите укажува на тоа што во минатото богатите жени имале посебни слугинки кои ги облекуваат, па сакајќи да им ја олеснат работата и да можат полесно да ја користат десната рака при закопчувањето, копчињата биле сместени на левата страна.

Сепак, тоа не е доволно уверливо бидејќи и богатите мажи имале слуги кои ги облекуваат и нивните кошули и униформи биле со повеќе копчиња, па сепак тие останале на десната страна.

Исто така, многу од жените немале слугинки, но сепак го следеле трендот кој го поставувале богатите жени.

Втората теорија е дека на тој начин жените кои немале слугинки да ги облекуваат биле приморани сами да се закопчуваат, а со тоа да мора да ја користат повеќе левата страна, која не им е толку функционална и да покажат потчинетост и подреденост пред мажите, како понеспособни.

Но, и тука има нелогичности, бидејќи многу од жените сами си ги шиеле кошулите, па нема зошто сами да се ставаат во подредена позиција.

Третата и најверојатна теорија се надоврзува на првата, но не се однесува на тоа за да им ја олеснат работата на слугинките, туку за со тоа да покажат дека се доволно богати за да имаат некој кој ќе ги облекува и закопчува.

Иако ваквите теории постојат одамна, подоцна веќе без разлика на објаснувањето и приказната зад нив, прифатен е трендот и принципот на такво шиење и на машините за производство на кошули.

Би можело да ве интересира:

Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg