Откријте го вашиот карактер: на кој прст носите прстен?

Можеби мислите дека е сеедно на кој прст имате прстен, но напротив, тоа многу зборува за вашиот карактер.

prstot-na-koj-go-nosite-prstenot-otkriva-mnogu-zavasiot-karakter-

Не се мисли тука само за вереничкиот прстен или бурмата, туку на оние прстени кои ги носиме како аксесоар на нас.

Погледнете што прстенот открива за вас:

1. Палец

Вие сте отворена, весела, забавна и енергична личност која ужива во животот и е секогаш подготвена на нови искуства. Сакате сѐ што е модерно и секогаш сте во тек со трендовите особено кога станува збор за гардеробата. Не сте срамежливи и уживате да сте во центарот на вниманието.


2. Показалец

Вие сте самоуверена и одговорна личност. Одлично се снаоѓате во улогата на водач и понекогаш другите ве гледаат како цврста и ладна личност, но под тој ваш оклоп се крие нежен и чувствителен карактер.


3. Среден прст

Луѓето кои носат прстен на средниот прст одбиваат да пораснат и често се себични и тврдоглави. Меѓутоа, тие се секогаш искрени и се грижат за семејството и фамилијата. Понекогаш умеете да ги полудите блиските луѓе, поради вашето детинесто однесување, но таа карактеристика истовремено ви дава и шарм.


4. Домалиот прст

На домалиот прст се носи бурмата, но ако и вообичаено си носите прстен тоа значи дека се чувствителна и романтична личност. Љубовта за вас е смисла на вашето постоење и се надевате дека ќе пронајдете љубов, која ќе ви го стопи срцето и секако ќе биде вечна.


5. Мал прст

Вие сте нежна, скромна и прецизна личност. Може да се каже дека сте перфекционист, бидејќи обрнувате внимание на сите детали и во никој случај не сакате да правите ниту најмали грешки во работата. Луѓето кои носат прстен на малиот прст се вредни и посветени на обврските, но во работата не се предводени од амбицијата туку од внатрешното задоволство и признанието од страна на другите.

prstot-na-koj-go-nosite-prstenot-otkriva-mnogu-zavasiot-karakter-2

6. Повеќе прстени

Луѓето кои носат прстен на 4 или 5 прсти имаат недостиг од самодоверба, а својата несигурност често ја сокриваат со „пренакитен” изглед. Секогаш се во потрага за вистинска љубов и уживаат во луксузни работи.


7. Не носите прстени

Сакате едноставен живот без непотребни украси. Искрени сте, имате самодоверба, паметни, вредни и секогаш подготвени за нови предизвици. Секогаш наоѓате начин да ги избегнете конфликтите и кавгите со луѓето во вашата околина.

Се пронајдовте ли? 

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg